10 докажани начини да го натерате вашиот срамежлив партнер да ви се отвори

10 докажани начини да го натерате вашиот срамежлив партнер да ви се отвори

Немаат сите личности имаат голема самодоверба и импресивни комуникативни способности. Има и такви кои преферираат да бидат тивки и повлечени. Но, тоа не значи дека тие се арогантни или некултурни, туку дека сакаат поголемиот дел од времето да го поминуваат во набљудување, наместо во коментирање. Да се биде со некој кој е срамежлив може да биде голем предизвик. Сепак, со правилниот пристап и со малку време, вашиот партнер ќе научи да излезе од својата заштитна обвивка и да ви се отвори, што ќе го означи и почетокот на создавањето на нов и посилен однос меѓу вас.

10 докажани начини да го натерате вашиот срамежлив партнер да ви се отвори

1. Започнете го разговорот

Доколку чекате срамежливата личност да започне да разговара со вас, тогаш сигурно ќе се изнервирате, бидејќи срамежливите луѓе ретко кога први го започнуваат разговорот. Поради ова, треба вие да се обидете да ја водите комуникацијата. Запомнете дека треба да поставувате отворени прашања кои не се одговараат само со „да“ или „не“, за да го задржите темпото на дијалогот.

2. Бидете пријателски настроени

Приближете им се со насмевка и обидете се да го задржите контактот со очите. Иако срамежливите луѓе често го тргаат погледот на страна, сепак на овој начин ќе им дадете до знаење дека сте сериозни во вашите намери. Немојте да се обидувате да разговарате со нив кога сте во поголема група, бидејќи така само ќе направите да се чувствуваат анксиозно и притиснато.

3. Разговарајте за теми кои ги интересираат

Ќе имате поголем успех да започнете комуникација со срамежливите луѓе доколку дискутирате за теми кои ги интересираат. Разговарајте за музика, уметност, спорт, филм или која било друга тема која ќе ги поттикне да ги споделат своите мислења.

4. Бидете ранливи

Кажете им за вашите стравови и покажете ја вашата ранлива страна. Ова ќе им помогне да сфатат дека не се плашите да им кажете кои сте и ќе ги охрабрите да почнат да ви веруваат. Кога ќе се развие довербата меѓу вас, тогаш слободно ќе ви кажат сѐ што мислат без да се плашат од осудување.

5. Дајте им комплименти кога ќе одлучат да се социјализираат

Кажете им колку нивната комуникација ви значи и дајте им искрени комплименти за нивната храбра одлука да го искажат својот став. На тој начин ќе им ја зголемите самодовербата и ќе направите да се чувствуваат поотворено и поопуштено со вас.

6. Слушајте

Како и со сите други, така и со срамежливите луѓе е важно да слушате што имаат да ви кажат. Запомнете, тие не зборуваат често, а во моментот кога ќе одлучат да го направат тоа, очекуваат да им обрнете внимание. Ако увидат дека сте физички присутни, а со мислите сте на некое друго место, тогаш ќе мислат дека не ви е грижа и сите ваши обиди да ги натерате да ви се отворат ќе бидат залудни.

7. Избегнувајте ги ситуациите кои можат да бидат стресни за нив

Срамежливите луѓе се чувствуваат неудобно во големи и гласни друштва. Прифатете ги нивните избори и одлуки и немојте да им замерувате ако не сакаат да одат на концерти, забави или клубови.

8. Бидете „дамата во опасност“

Побарајте им да ви поправат некој електричен апарат или да ви помогнат со некоја физички потешка работа во домот. Мажите, дури и оние кои се посрамежливи, секогаш ќе дојдат да ви помогнат.

9. Најдете нешто што ви е заедничко

Поминете време откривајќи ги работите кои ви се заеднички и кога ќе ги дознаете, предложете им да ги направите заедно. Со правењето нешто во што и двајцата уживате, разговорот ќе ви тече лесно и непрекинато.

10. Не брзајте

Потребно е време срамежливите луѓе да излезат од својот заштитен оклоп. Немојте да се обидувате да го забрзате процесот. Дајте им ја потребната поддршка додека учат како да се чувствуваат удобно покрај вас. Вашето трпение ќе се исплати.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар