10 аксесоари кои мора да ги имате ова лето
Летото ни е на прагот и сите го чекаме со подготвени плакари, светли бои и добро расположение. Кога станува збор за аксесоарите, еве што не смеете да пропуштите ова лето.
1. Наочари со „мачкест“ облик
Број 1 аксесоар кој мора да се има ова лето. Лесно се комбинираат за секаква пригода и се навистина женствени и во тренд.
2. Наочари со рефлектирачки стакла
Дефинитивно најкул аксесоар за ова лето. Одберете го вашиот омилен модел и чекорете со самодоверба!
3. Тиркизен накит
Обетки, прстени, белегзии… тиркизниот накит остава впечаток. А и не мора да биде само накит, едноставно одберете ја тиркизната боја која одлично одговара на исончана кожа.
4. Прстен за четири прста
Миди прстени и впечатливи аксесоари на вашата рака е она што се бара ова лето. Оваа сезона бидете смели. Еден прстен кој поврзува четири прста е одличен избор за летото кое доаѓа.
5. Чанти во индијански стил
Одат во секаква комбинација, ужасно се кул и многу добро изгледаат. Без разлика дали сакате да постигнете кежуал или поелегантен изглед, овие чанти се одличен избор.
6. Плик чанти
Женствено, едноставно, практично. Плик чантите се одлични за во лето. Одете со едноставна еднобојна варијанта или одберете нешто посмело, изборот е ваш.
7. Аксесоари во основните бои
Црвена, сина и жолта. Не само аксесоари туку комбинирајте и парчиња облека во овие бои. А мислевте дека никогаш нема да ви притреба она што сте го научиле по ликовно.
8. Впечатливи парчиња накит
Бидете смели и прекрасни. Големите парчиња накит се одлични за во лето бидејќи летото ви дава слобода да комбинирате и да откривате нови стилови. Само не претерувајте со ваквите комбинации. Доколку одберете голем ѓердан, нема потреба од дополнително „украсување“ со огромни обетки и прстени. Не сакате да изгледате како предвидувачка на иднината.
9. Цветен дизајн
Навистина женствен и со стил. Одберете аксесоари со цветен дизајн, од рачни часовници до накит и торби. Секако, цветниот дизајн е добредојден и во парчињата облека.
10. Пастелни бои
Можеби ги ставивме за крај, но не значи дека се помалку важни. Пастелните бои се задолжителни за во лето. Одберете накит, торби, сандали, облека и разни аксесоари во пастелни бои. Нежно, женствено, летно и уникатно.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.