Зошто ве сакаат комарците?

Зошто ве сакаат комарците?

Комарците се многу пребирливи суштества, па затоа не треба да нѐ чуди што некои луѓе покрај нив си поминуваат како невидливи, додека други ги прекриваат со отоци од убоди.

zoshto-ve-sakaat-komarcite-kafepauza.mk

Вистината е дека никој не е имун. Пред 30 години научниците откриле дека јаглерод диоксидот кој го издишуваме е една од главните траги по кои комарците нѐ следат. Тие летаат каде што има висока концентрација на CO2, кон група луѓе, а потоа го користат видот и сетилото за мирис за да ја одберат својата мета.

Но зошто некои се поштедени, а други се принудени да се чешаат со денови? Сѐ уште не се знае со сигурност, но повеќе студии имаат откриено различни мамки заради кои некои луѓе стануваат подвижна мета за комарците.

Високи сте

Бидејќи сте високи, произведувате повеќе јаглерод диоксид и повеќе телесна топлина кои им се природно привлечни на комарците. Затоа во група луѓе возрасните секогаш добиваат повеќе убоди од децата, а мажите повеќе од жените.

Редовно вежбате

Во текот на вежбањето телото произведува млечна киселина која се испушта преку потните жлезди на кожата. Една германска студија потврдила дека таа е исто така привлечна за комарците.

Нозете ви мирисаат непријатно

Една студија објавена во научното списание Plos One покажала дека луѓето на чии стапала живеат повеќе бактерии, се попривлечни за комарците. Истата бактерија се наоѓа и во белгиското сирење Лимбургер, а заради неговата ефикасност во привлекувањето комарци, научниците го користат за да ги фатат во замка.

Носите парфем

Комарците го вшмукуваат нектарот од цвеќињата, па ги привлекуваат цветните мириси.

Имате генетски предиспозиции

Студија објавена во журналот „Инфекции, генетика и еволуција“ покажала дека лицата со одредени HLA гени имаат поголеми шанси да бидат привлечни за комарците.

Пиете пиво

Само едно мало шише пиво е доволно да ве направи мамка за комарците. Тоа го открила една студија објавена во Журналот на американската асоцијација за комарци, но сѐ уште не е откриено зошто е тоа така.

Имате нулта крвна група

Неколку студии, вклучувајќи и една неодамна објавена во списанието Експериментална паразитологија покажуваат дека лицата со нулта крвна група имаат повеќе шанси да станат вечера за комарците. Меѓутоа некои стручњаци сметаат дека таквите резултати се произлезени од грешки во статистичките податоци.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар