Зошто треба да внимавате на поставеноста на огледалата во спалната соба?
Иако ви изгледа сосема логично да имате огледало во спалната соба затоа што ви е потребно додека се облекувате и шминкате, тоа всушност и не е најдобра идеја.
Според древната кинеска филозофија Фенг шуи, огледалото воопшто не е пожелно во вашата спална соба, особено ако тоа е свртено кон креветот или е закачено над него. Најголема грешка, според ова верување е креветот на којшто спиете да се огледува во огледало.
Луѓето кои се бават со Фенг шуи предупредуваат дека огледалото, поставено на погрешно место, може да биде „виновникот“ за лошиот сон, но и за проблемите во бракот. Клучот е во тоа што ваквата позиција поттикнува создавање активност, а во спалната соба е потребна спротивна енергија – мир и тишина. Поради позициите на коишто се поставени, огледалата „повикуваат трета страна во вашиот однос“ и ги поттикнуваат партнерите на неверство.
Единствена прифатлива позиција за огледалото во спалната соба е поставеност од внатрешната страна на плакарите, така што кога се тие затворени, со нив е затворена и „активноста“ на огледалото. Наједноставно е тоа да се постави на внатрешната страна од вратите на плакарите, така што со нивното затворање, во нив нема да се одразува креветот на којшто спиете. Доколку имате голема соба и можете да најдете некој агол каде што креветот нема воопшто да се гледа во огледалото, можете да го поставите во тој дел од спалната.