Зошто толку многу ја сакаме музиката?

Зошто толку многу ја сакаме музиката?

Музиката била со нас буквално од кога колективно паметиме за нашето постоење. Пронајдени се и музички инструменти кои датираат од пред десетици илјади години. Но, сепак никој не знае зошто толку сакаме музика или каква е нејзината улога (доколку ја има) во нашиот живот.

Зошто толку многу ја сакаме музиката?

Истражувачите сè уште го немаат пронајдено „центарот за музика“ во нашиот мозок. Како и другите повисоко рангирани процеси, така и слушањето музика е распределено низ неколку области во мозокот.

Една студија открила дека кога личноста се фокусира на хармонијата од одредено дело, таа доживува зголемување на активноста кај аудитивните области во десната темпорална зона. Други студии исто така покажале дека темпоралната зона е клучниот регион за разбирање на одредени музички карактеристики.

Друг вид студии се фокусирале повеќе на емоционалните реакции на музиката. Во експеримент спроведен од колеџот МекГил во 2001-та година, со помош на скенирање на мозокот се проучувала невралната механика на „наежување на кожата“ која е предизвикана од музика која испитаникот ја смета за неверојатна. Тие откриле дека структурите во мозокот кои се активираат при оваа ситуација се истите оние региони кои се поврзуваат со одредени силни стимуланси како на пример, за храна, секс и дрога.

Протокот на крвта во мозокот се зголемува и опаѓа во зависност од музиката во деловите кои се поврзуваат со наградување, емоции и возбудување. Бидејќи стимулациите за храна и за сексуални односи се важни за преживувањето на организмот, фактот дека слична неврална активност е забележана и како одговор на музиката ни сугерира дека можно е да постои некаков вид еволутивна придобивка во способноста да се слушне или запее добра мелодија.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар