Зошто сè повеќе и повеќе 15-годишници изгледаат како да имаат 30 години?

Зошто сè повеќе и повеќе 15-годишници изгледаат како да имаат 30 години?

Досега веројатно сте забележале дека многу 10-годишни деца изгледаат како тинејџери, а таканаречените средовечни луѓе изгледаат толку младо, што е тешко да се поверува. Двата примера се предизвикани од едно нешто – забрзување. Па зошто толку многу деца созреваат рано и кои проблеми можат да произлезат од тоа?

Што претставува „забрзувањето“?

Зошто сè повеќе и повеќе 15-годишници изгледаат како да имаат 30 години?

Лево на фотографијата се наоѓа Мерлин Монро. Таа била висока 162 центиметри. До неа се наоѓа Џенифер Лоренс, чија висина е 170 центиметри.

  • Изминативе 150 години, човештвото драстично „порасна“. Просечната висина е 9,14 центиметри поголема од претходно. Денес сме речиси 1 глава повисоки од нашите предци кои живееле на крајот од 19-тиот век. Највисоките луѓе во светот се Холанѓаните, а просечниот Холанѓанец е висок 172.7 центиметри.
  • Пубертетот започнува многу порано. Во 1860-тите, просечната девојка влегувала во пубертет на возраст од 16,5 години. Денес овој број е околу 10 години. Истото важи и за момчињата, иако обично тие се 1 година поназад од девојките.
  • Крајот на телесниот развој настанува на 16 години кај девојките и на 18 години кај момците. Претходно било на 20 и 22 години.

Зошто сè повеќе и повеќе 15-годишници изгледаат како да имаат 30 години?

На левата фотографија е Елена Кузмина, актерка од Советскиот сојуз, фотографирана на 40 години. Десно е Рашел Лефевр, модерна актерка од Канада на истата возраст.

Старееме значително подоцна од нашите предци. Ова може да биде поврзано со развојот на медицината и квалитетот на храната. Денес, според статистиката, старата личност има 65 години. Но бројките варираат според државата – во Јапонија за стари се сметаат луѓето над 76 години, а во Папуа Нова Гвинеја луѓето се стари на 45 и пол години.

Репродуктивниот период станал подолг поради раниот пубертет. Просечната возраст на која жената влегува во менопауза е околу 50 години. Нема некои поголеми истражувања кои докажуваат дека менопаузата започнува подоцна. Но, некои научници сметаат дека се движиме натаму.

Се менува и градбата на телото. Претходно, висината се зголемувала поради зголемување на долниот дел од телото. Денес се зголемува торзото. Карлицата на жените се смалува, а научниците веруваат дека ова е еволуционарна промена. Го олеснуваме породувањето со царски рез, па телото се адаптира.

Технологијата можеби има влијание врз нашето тело

Зошто сè повеќе и повеќе 15-годишници изгледаат како да имаат 30 години?

Оваа фотографија е направена во 60-тите години од 20-тиот век.

Едно од најпопуларните верувања е дека забрзувањето е предизвикано од технолошкиот напредок на човештвото. Овде спаѓаат:

  • Зголемен број часови со дневна светлина поради електричната струја
  • Зголемена температура во домовите поради затоплување
  • Брз развој на медицината

Се верува дека сите овие фактори придонесуваат за помало трошење на телото. Па, телото може да ја троши енергијата на развој, наместо борејќи се со физички проблеми и агресивна околина. Се разбира, тешко е да го побиете ова, но не се само овие фактори кои предизвикуваат забрзување.

Зошто сè повеќе и повеќе 15-годишници изгледаат како да имаат 30 години?

Постои и една позагрижувачка научна теорија. Можеби забрзувањето е последица од влијанието на ендокрините нарушувачи (EDC). Кога овие хемикалии се во телото, тие функционираат како хормони. Синтетичките нарушувачи се наоѓаа во пластиката, продуктите за лична хигиена, па дури и во козметиката. Покрај тоа, се користат и како додатоци во некоја храна. Теоријата за забрзување нема никаков цврст доказ за ова во моментот.

Влијание на храната

Зошто сè повеќе и повеќе 15-годишници изгледаат како да имаат 30 години?

Според оваа теорија, причината за забрзувањето е целокупното подобрување на квалитетот на храната. Се верува дека најважните фактори се витамините Б6 и Б12 и фолната киселина.

Променети се и состојките на нашата храна. Според статистиката, денес консумираме многу храна.

  • Во 2014-та година, просечната личност консумирала 42,6 килограми месо годишно. Во средината на 20-тиот век, бројката била едвај 22 килограми.
  • Во Советскиот Сојуз, просечната личност консумирала 36,7 килограми месо, а денес, личност од Русија консумира 72 килограми месо.

Ова не значи дека треба да јадете месо за да бидете повисоки. Но, тешко е да ѝ се спротивставувате на статистиката – во месото има состојки потребни за здравиот развој на телото.

Проблемите од забрзувањето

Зошто сè повеќе и повеќе 15-годишници изгледаат како да имаат 30 години?

Процесот на забрзување на модерната млада генерација е навистина двосмислен. Од една страна е навистина логичен кога ќе се земе превид еволуцијата. Но од друга страна, може да предизвика некои социјални проблеми.

На пример, 11-годишно девојче може да изгледа како возрасна жена, но нејзината емоционална интелигенција е на детско ниво. Ова предизвикува психолошки проблеми, но и проблеми со однесувањето – девојчето има сексуална желба, но не знае што да прави со неа.

Исто така, младата генерација е многу незрела. Во минатото луѓето биле присилени да пораснат многу порано. Причината е едноставна – животот бил многу потежок, па луѓето порано и побрзо ги оформувале нивните карактери.

Овде постои нерамнотежа – физички растеме брзо, но психолошки и емоционално остануваме деца уште многу долго. Неодамна научниците од Велика Британија откриле дека личноста би требало да се смета за возрасна на околу 30 години. Пред оваа возраст, сè уште траат важните физиолошки промени во мозокот, а тие ги одредуваат нашите психа и однесување.

Сите знаат дека постојат многу постари луѓе кои ги обвинуваат помладите дека пребрзо сакаат да започнат со нивните животи. Но постојат и оние кои сметаат дека ова е природно и дека не треба да ѝ пречиме на природата во работата. Кое е вашето мислење?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар