Зошто ноќта е поубава од денот?

Зошто ноќта е поубава од денот?

Автор: Софија Сионова

Во летниот период од годината ноќта е многу пократка од денот и иако постојат многу интересни активности кои можат да се прават денски, ноќта е некако помистична и едноставно поубава. Целосната атмосфера и енигматиката ја прават ноќта да биде поволшебна од денот. Еве неколку причини зошто е таа поубава:

1-Zosto-e-nokjta-poubava-od-denot-kafepauza.mk

1. Смиреност

Самиот звук на тишината има моќ да го смири нашето тело и нашиот ум. Во принцип, гласните коли, свирежите по улици, сообраќајот и сл. предизвикуваат немир, па затоа кога сонцето ќе зајде, многу луѓе практикуваат прошетки. Во ноќните часови ретко постојат звуци кои ги иритираат нашите уши. Сѐ е смирено и тивко.

2. Ладовинка

Иако ладовинките често се фаќаат под некоја голема сенка, крај некое дрво, во подоцните часови температурата е опадната и не е толку спарно како во денот. Убаво е откако целиот ден се „варите“ по горештините, да се оладите во ноќната ладовинка.

3. Семафори, автомобилски светла и улични светилки

Прекрасни и во шарени бои, тие ни го осветлуваат патот и ги разубавуваат улиците. Да не беа ваквите сијалици не ќе гледавме каде се движиме!

4. Ѕвездено небо

Во текот на денот, сонцето нѐ спречува да го погледнеме небото. Затоа пак навечер излегуваат сите ѕвезди и Месечината, а глетката е просто неверојатна.

5. Долги разговори

Дали сте забележале дека подлабоки се разговорите кои ги правиме во текот на ноќта, отколку оние во денот? Ако добро размислите, сите длабоки разговори се случуваат во текот на ноќта. Има нешто утешително во ноќта што нѐ тера да се отвориме и да развиваме длабоки дискусии само во тој период.

6. Ослободување од стресот

Првата асоцијација за денот е полниот распоред, обврски и работа. За разлика од тоа, ноќта е време за релаксација и смирување и време посветено лично на себеси.

7. Ноќни забави и романтика

Иако повеќето луѓе спијат навечер, тоа не значи дека треба и вие. Ноќните часови се најдобро време за забава, затоа и постои ноќниот живот. Дискотеки, проекции на филмови на отворено, постојат многу различни можности за забава. Плус, ноќта е многу поромантична од денот.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар