Зошто некои луѓе мислат дека се видовити?

Зошто некои луѓе мислат дека се видовити?

Низ целата човечка историја постоеле поединци кои верувале дека можат да ги предвидат идните случувања. Вистинската видовитост не е научно докажана, но суптилните разлики во начинот на кој луѓето го доживуваат времето на настаните може да објасни зошто многумина сè уште се убедени во своите психички способности.

Зошто некои луѓе мислат дека се видовити?

Истражувањето спроведено од страна на научниците од Универзитетот Јеил, дава нови сознанија зошто некои луѓе мислат дека имаат натприродна способност да предвидат настани. Научниците сметаат дека зад ваквите заблуди се кријат некои физиолошки основи.

Наводните психички способности во многу случаи се производ на намерна измама, во која измамниците ги користат истите трикови што со векови ги користеле менталистичките магионичари за да одглумат читање на умот или предвидување на иднината. Но, не е точно дека сите луѓе кои тврдат дека имаат натприродни способности да ја предвидат иднината само сакаат да заработат пари. Отфрлањето на тврдењето дека тоа е знак на ментална болест ни кажува неколку зборови за тоа како таквите верувања се развиваат во инаку здрав мозок.

Од личности кои немаат историја на ментални заболувања било побарано да предвидат кој од пет бели квадрати ќе стане црвен. Како и што се очекувало, најголемиот дел од нив точно ја предвидувале промената на бојата, сè додека научниците не го забрзале тестот. Ако квадратот ја менувал бојата од бела во црвена за приближно 250 милисекунди, личностите многу почесто точно ја предвидувале промената на бојата. Во реалноста, тие едноставно предвиделе нешто што веќе се случило, но не го процесирале свесно тоа искуство.

Редоследот на набљудувањето и предвидувањето на настаните најчесто се мешаат ако настаните се случуваат доволно брзо еден по друг.

„Тоа е како да мислите дека знаете дека ќе врне дожд, а потоа ќе ги почувствувате првите капки“, изјавил раководителот на истражувањето, Адам Беар. „Вашата мисла можеби потсвесно била под влијание на тие капки, но капките ги доживувате свесно дури подоцна.“

Иако ова можеби не објаснува зошто некои луѓе сметаат дека го предвиделе настанот неколку часови или неколку години предвреме, сепак укажува на цврстата невролошка основа што ги тера луѓето да веруваат во својата видовита моќ.

Идните истражувања би можеле да помогнат во откривањето на точните разлики во невроните во мозокот за да се објасни како се комбинираат набљудувањето и расудувањето, така што ќе се развијат докази за тоа како секвенциите на настаните се собрани во свеста.

Дали сте чуле за отворањето на третото око? Погледнете ги овие 6 знаци дека тоа ви се случува вас.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар