Зошто некои љубовни парови обожаваат да си искажуваат нежност во јавност?

Зошто некои љубовни парови обожаваат да си искажуваат нежност во јавност?

Некои парови со задоволство ја покажуваат нивната љубов пред светот, но на други, пак, не им е баш пријатно да се бакнуваат и милуваат пред публика. Најновите истражувања откриваат од каде потекнува потребата за искажување нежност во јавност.

Зошто некои љубовни парови обожаваат да си искажуваат нежност во јавност?

Држењето за рака, бакнувањето во уста и нежното милување преку облека се само некои од начините на кои партнерите си искажуваат нежност пред други луѓе. Истражувањето објавено во списанието „The Journal of Sex Research“ открило дека постои интересна мотивација за таквото однесување.

Резултатите покажале дека главната причина за искажување нежност во јавност потекнува од желбата да се подобри сопствениот имиџ пред околината. Испитаниците сакале да покажат каква личност можат да привлечат во романтична смисла на зборот.

Мажите кои учествувале во истражувањето го правеле тоа најмногу за да испаднат „фраери“, а жените за да ги забавуваат мажите или за да предизвикаат љубомора кај одредени припадници на спротивниот пол. Желбата да му покажат на светот колку тие се заљубени во партнерот се нашла дури на второ место.

Истражувањето било спроведено од страна на Универзитетот во Канзас и учествувале повеќе од 350 хетеросексуални лица на возраст од 17 до 35 години, од кои дури 37% мажи и 32% жени признале дека се допирале и бакнувале во уста во јавност.

Психолозите тврдат дека многу парови имаат потреба луѓето да ја видат нивната врска во позитивно светло, поради што објавуваат заеднички фотографии на социјалните мрежи и си изјавуваат љубов на Инстаграм и Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар