Зошто не треба да имате повеќе од една девојка или жена истовремено?

Зошто не треба да имате повеќе од една девојка или жена истовремено?

Да имате повеќе од една жена можеби звучи забавно, но тоа може да ве убие.

zoshto-ne-treba-da-imate-povekje-od-edna-devojka-ili-zhena-istovremeno-kafepauza.mk

Имањето повеќе љубовни врски истовремено може да му наштети на вашето срце, покажуваат новите прелиминарни истражувања од Саудиска Арабија.

Научниците истражувале повеќе од 600 мажи во брак на кои им биле направени рендгенски снимки на срцата и откриле дека оние кои практикувале полигамија – ова било во Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати – биле 5 пати поблиску да добијат коронарна артериска болест отколку мажите кои имале само една сопруга.

Истражувачите веруваат дека поврзаноста можеби потекнува од стресот кој е предизвикан од одржувањето повеќе љубовни врски истовремено.

„Секое семејство мора да биде третирано фер и еднакво, и има големи шанси финансискиот и емоционалниот товар кој произлегува од одржувањето врска со повеќе сопруги, па дури и повеќе семејства со деца, да биде многу голем“ – кажува Др. Амин Доула.

На пример, мажите кои издржуваат повеќе семејства можеби ќе треба да се вработат на второ работно место или секојдневно да поминуваат долг пат за подобро платена работа.

Овој додатен притисок кај мажите може да предизвика да вежбаат помалку, да се хранат повеќе или да почнат да пушат цигари или да пијат алкохол – навики кои го зголемуваат ризикот за добивање срцеви болести.

Хроничниот стрес може да го зголеми крвниот притисок и да го изложи телото на нездраво покачено ниво на хормоните на стресот, како што се кортизолот и епинефринот. Со текот на времето, овој вид продолжена стимулација може да има негативен ефект на вашето срце, додава Др. Доула.

Резултатите од ова истражување не ги исклучува мажите кои немаат сопруга во својот живот. Ако сте сами и имате повеќе девојки, стресот кој произлегува од ваквите постапки може да резултира со слични здравствени ризици.

Совет: Изберете една жена, бидете со неа, третирајте ја со почит и љубов. Вашата совест ќе остане чиста и благодарна, а вашето срце здраво како дрен.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Верува во луѓето и сака да ги разбира. Музиката – страст, кафето – љубов. Позитивна личност и ја гледа добрата страна и во најлошите работи. Невозможното е возможно кога ќе се открие вистинскиот пат.

Поврзани содржини

Остави коментар