Зошто кралицата Елизабета го мрази своето крунисување?

Зошто кралицата Елизабета го мрази своето крунисување?

На 2-ри јуни 1953-та година одржано е крунисувањето на британската кралица Елизабета Втора во Вестминстерската палата во Лондон. По повод 65-годишното владеење направен е документарен филм, во кој зборува и самата кралица откривајќи колку всушност целиот настан бил трауматичен за неа.

Зошто кралицата Елизабета го мрази своето крунисување?

До ден денес ова е последното крунисување, а следното ќе се одржи по смртта или абдикацијата на кралицата. Елизабета во текот на крунисувањето имала само 27 години, а нејзиниот сопруг, принц Филип, 31.

Настанот кој го гледале милиони луѓе ќе доживее и своја екранизација. Од BBC премиерно е прикажан документарниот филм за крунисувањето. Првите снимки ги погледнала и самата кралица, која притоа и се отворила.

Зошто кралицата Елизабета го мрази своето крунисување?

Церемонијата започнала со возење кочија низ целиот Лондон и траело речиси 2 часа до стигнувањето во катедралата. Иако на лицето на кралицата не се забележуваат нервоза и негодување, денес таа признава дека возењето било навистина страшно.

„Целата кочија е со кожа, што не е баш најудобно“, изјавила кралицата.

Зошто кралицата Елизабета го мрази своето крунисување?

Таа носела круна со 2.868 дијаманти, како и дијамантот Кулинан II со 317,4 карати. Круната тежела 1,2 килограми! Исто така го носела и сафирот на Свети Едвард кој потекнува од средниот век.

„Постојат неколку недостатоци на круната, но сепак таа е важен дел од нашиот живот“, објаснила кралицата.

Покрај тешката круна и заморното возење, Елизабета помнела и уште едно нешто – тешкиот капут. Таа го носела препознатливиот златен капут кој е навистина тежок и неудобен, а целиот процес на прогласување на кралицата траел 3 часа.

Прочитајте и за најчудните предности во кои ужива само кралицата Елизабета II…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар