Зошто ја сакаме Македонија?
Ако почнете да размислувате за причините поради коишто ја сакате Македонија, сигурно ќе ви требаат денови за да сфатите што сè што е поврзано со нашата земја ви предизвикува чувство на топлина. Веројатно затоа нам, на целиот тим на Кафе пауза, ни требаше толку многу полемика и давање причини „за“ и „против“. На крајот сепак составивме листа од 25 причини кои, сакале или не, ќе ве потсетат на вашата татковина секогаш кога ќе се споменат.

Најубавото знаме на светот

Македонскиот јазик, затоа што кирилицата е ретка

Денарите, кои е убаво да ги имаш в џеб

Ајварот, македонскиот мирис на есента

Охридското Езеро, кое секогаш ќе биде „наше море“

365 цркви во Охрид, по една за секој ден

Мистичните македонски планини

…а колку се убави и Маврово, Пешна, Радика, Кораб, Малешевијата…

Тоше Проески, кому уште долго ќе му се слуша гласот иако веќе не е помеѓу нас

Зоран Маџиров, човекот кој пронајде музика таму каде што никој претходно не ја побарал

Галичката свадба

Карневалите во Вевчани и Струмица

Најубавите домати на светот од кои се прави прекрасна салата…

…која многу добро оди со домашна жолта ракија

Тетовското тавче гравче

Ривалството меѓу градовите (кавадарчани и неготинци најдобро си знаат)

Националните репрезентации кои играат светски ракомет и кошарка

Преубавата македонска литература

Фестивалите на пивото, кои си ги увезовме од странство, но си ги тераме по наша мерка

Македонските народни приказни

„Голем град“ – единствениот остров кој го имаме

Квалитетното вино кое го обожаваат и наши и странци

Долгата традиција на куќната слава, ден кога чекаме гости на богата мрсна или посна трпеза

Превкусните ресенски јаболка на кои никој не останал рамнодушен

И за крај… чичкото кој пее „старо купуем“ и со насмевка нѐ буди за време на викендите
Слободно надополнете ја нашата листа во коментари.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Убав избор, сигурно повеќе време сте размислувале да ја составите листата., но тоа не значи дека немаме други и само наши убавини со кои таа може да се надополни. Сепак, честитки за идејата и изборот!
Прекрасен избор на дел од убавините низ нашата прекрасна земја би сакал и јас да додадам неколку места за кои мислам дека сме слушнале за нив сепак сметам дека би требало да се спомнат
-Кањонот Матка Скопје
-Браната Градче во Кочани место исполнето со неверојатна убавина и мир
-Беровското езеро
-Колешинските и Смоларските водопади во Струмица
-Дојранското езеро
-Вештачкото езеро Мантово
-Тиквешкото езеро Кавадарци
Одличен избор но како дополнување, Голем Град не е единствениот остров кој го имаме.
http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A1%D0%BF%D0%B8%D1%81%D0%BE%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%BE%D1%81%D1%82%D1%80%D0%BE%D0%B2%D0%B8_%D0%B2%D0%BE_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0
Ја сакам Македонија поради:
1) Нејзината светост и мистичност (Постоиме отсекогаш, во тешките можни услови сме покажале дека сме пиреј, и останува да им бидеме трн во око на другите )
2) Недопрената и „неизгнасена“ природа која ги регенерира и телото и духот ( Само да научиме како да ја зачуваме! )
3) Најубавото слатко (од кое било овошје) на бабите.
4) Секое насмеано комшиско лице и маалскиот живот (Мислам на седенките во двор, или размената на приготвени специјалитети меѓу сосетките)
5) Талентот ( ни нема рамни:) ) за песна, оро, веселба на нашата најубава традиционална музика. ( Турбо-фолку, оди по ѓаволите!)
6) Приказните на баба и дедо.
7) Црвената боја на носиите, знамињата (уште од памтивек), на јаболката, црешите, дивите јаготки и пиперките за ајвар.
8) „ Македонија ти нуди љубов и се` “