Зошто имаме потреба од благо после оброк?

Зошто имаме потреба од благо после оброк?

Само што завршивте со голем оброк, но наместо да се чувствувате полно и задоволено имате неодолива потреба за нешто повеќе. Но, не тежнеете кон месо или зеленчук, туку по нешто благо. Зошто луѓето често имаат потреба за блага храна, дури и по целосен оброк, кој по сите правила би требало да го задоволи нашиот апетит? И покрај тоа што постојат неколку идеи, сепак сè уште никој со сигурност не може да одговори на ова прашање.

Зошто имаме потреба од благо после оброк?

Некои нутриционисти сметаат дека луѓето се „истренирани“ уште од детството да очекуваат благ десерт по оброкот. Во многу фамилии, тоа е долгогодишна традиција (и еден начин на поткупување на децата да ги изедат и броколите).

Други пак, тврдат дека хемијата во човековиот мозок е „виновникот“ за потребата од благо по ручекот. Некои докази укажуваат на тоа дека консумирањето шеќер (или други видови јаглехидрати) можат да го подобрат апсорбирањето на аминокиселинскиот триптофан кој се наоѓа во одредена храна. Триптофанот потоа овозможува зголемување на нивото на серотонинот, невротрансмитер кој се поврзува со позитивните чувства.

За некои луѓе, тешкиот оброк може да резултира со состојба наречена „postprandial“ или реактивна хипогликемија, која го намалува шеќерот во крвта и се препознава преку глад, изнемоштеност, слабост, тресење, сонливост, анксиозност или збунетост, според Националниот институт за здравје. Консумирањето на благата храна е еден начин на справување со овие симптоми. Оваа состојба најчесто се појавува од 1 до 4 часа по оброците кои се полни со јаглехидрати. Реактивната хипогликемија најчесто се јавува и кај луѓе кои имале бајпас на желудникот.

Причините за оваа состојба кои не се настанати како последица од операција се сè уште голема мистерија. Научниците проучувале неколку потенцијални причини, вклучувајќи ги и недостатоците на дигестивни ензими, ниско ниво на хормонот глукагон и сензитивност на хормонот епинефрин. За да се борите против реактивната хипогликемија, докторите препорачуваат јадење помали оброци, избегнување на тешка храна која изобилува со јаглехидрати, јадење храна која е балансирана, разновидна и полна со влакна. И најважно од сè, редовна физичка активност.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. Михаела Јовановска Reply

    јадење повеќе овошје во текот на денот ја намалува потребата од благо после ручекот – испробано 🙂

Остави коментар