Зошто децата на мајките што работат стануваат посреќни возрасни?

Зошто децата на мајките што работат стануваат посреќни возрасни?

Со години вработените мајки се соочуваат со стереотипите кои тврдат дека нивните деца не добиваат доволно љубов, грижа и внимание. Сите ќе се согласат дека е тешко да најдете рамнотежа помеѓу родителството и кариерата, но дали навистина треба да бидете загрижени? Имаме добри вести за вас – според науката, децата на вработените мајки стануваат исто толку среќни колку и децата на невработените, а понекогаш се дури и поуспешни во животот.

Зошто децата на мајките што работат стануваат посреќни возрасни?

Децата на вработените мајки не страдаат и се среќни колку и нивните врсници

Дали ви се случило вашето дете да сака да си игра наутро уште некоја минута, но вие да морате да одите на работа? Вината, социјалното одбивање и сомневањето во нивните способности како родители се чести проблеми на вработените мајки.

Но едно истражување спроведено од професорката од Харвард Кејтин Мекџин, покажало дека тоа што мајката е вработена не влијае врз среќата на детето. И ќерките и синовите на вработените мајки се среќни и како деца и како возрасни, а често имаат и придобивки од нивната вработена мајка.

Овој голем проект започнал во 2015-та година и комбинирал податоци од неколку интернационални истражувања. Воглавно, станува збор за анкета спроведена на над 100.000 испитаници од 29 различни држави. Резултатите би требало да ги ослободат вработените мајки од вината и сомнежот во себе, бидејќи покажуваа дека на нивните деца не им недостига среќа или успех.

Ќерките на вработените мајки се поуспешни и имаат повисока плата

Истражувањето покажало дека ќерките на вработените мајки најчесто имаат поголема годишна заработка, имаат поголеми шанси да бидат вработени и често се на повисоки функции. Истражувањето открило дека искуството на вработени мајки ги учи ќерките дека без проблем можат да се комбинираат кариерата и одгледувањето деца.

Синовите на вработените мајки минуваат повеќе време грижејќи се за семејството

Бидејќи традиционално мажите настојуваат да бидат вработени, не гледаме силно влијание на вработените мајки врз кариерата на нивните синови. Наместо тоа, кариерата на мајката ги прави мажите позагрижени за поддржување на нивните сопруги. Според истражувањето, овие мажи неделно минуваат 50 минути повеќе помагајќи им на сопругите и грижејќи се за членовите на семејството.

И синовите и ќерките на вработените мајки имаат егалитарен однос кон семејството и социјалниот живот

Друго важно откритие од истражувањето е тоа што децата кои пораснале во семејство со двајца вработени родители заработувале и настојувале да ги избегнуваат половите стереотипи. Синовите на вработени мајки најчесто одбирале вработени сопруги, а жените на работното место ги третирале еднакви на нив. Нивните ќерки не чувствувале вина поради децата, бидејќи знаеле што значи да се биде дете на вработена мајка и знаат дека е возможно да се најде рамнотежа помеѓу родителството и кариерата.

Погледнете ги и нештата за кои вработените мајки не треба да се извинуваат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар