Зошто чоколадото е добро за здравјето?

Зошто чоколадото е добро за здравјето?

Едно неодамнешно истражување за чоколадото покажа дека тоа може да игра добра улога во креирањето на вашето здравје. Според истражувањето, оние луѓе кои консумираат повеќе чоколадо ги намалуваат шансите за кардиоваскуларни болести за дури 37% и шансите за срцев удар за 29% во споредба со оние луѓе кои многу малку консумираат чоколадо.

Зошто чоколадото е добро за здравјето?

Иако експертите тврдат дека треба да се избегнува внесување на високо калорично чоколадо во организмот, сепак невозможно е да се прескокне фактот дека тоа е многу здрав додаток во исхраната. Многу истражувања досега покажале дека темното чоколадо содржи антиоксиданси кои го одржуваат срцето здраво и можат да помогнат при заштитата од некои други закани по здравјето. Ова се 5 додатни причини зошто чоколадото е здраво и добро за вас.

1. Чоколадото може да ви помогне со математиката

Соединенијата во чоколадото содржат антиоксиданси кои ја подобруваат циркулацијата, вклучувајќи го и протокот на крв кон мозокот. Во едно истражување направено во 2009 година, учесниците биле поделени во групи по тројца и им била дадена задача да бројат наназад почнувајќи од некој број помеѓу 800 и 999. Откако се напиле топло чоколадо, тие почнале да бројат многу побрзо и поточно, без притоа да се заморуваат или ментално да се исцрпуваат.

2. Најадува

Доколку како помали, мајките не ви дозволувале да каснете чоколадо пред да јадете оброк, за да не си го расипете апетитот, тогаш да знаете дека биле во право. Дански истражувачи им дале на 16 учесници, по 100 грама црно или млечно чоколадо по избор. После 2 часа, учесниците биле ставени на искушение со пица. Оние кои претходно одбрале темно чоколадо, овој пат внеле за 15% помалку калории од оние кои јаделе млечно чоколадо и имале одбивност кон секаков тип богата храна.

3. Прави да се чувствувате подобро

Чоколадото содржи состојка која предизвикува ослободување на ендорфин. Оваа реакција е многу слична на онаа која луѓето ја чувствуваат кога се заљубуваат. Доктори од лабораторијата за испитување на мозокот во Лондон, викнале 6 пара. Им дале задолжение да остават по неколку коцки темно чоколадо да се стопи во нивната уста, а потоа да се бакнуваат додека нивните мозок и срце се скенираат. Двете акции направиле срцата и мозоците на учесниците да зујат, но чоколадото двојно ја зголемило возбудата во центрите за задоволство во мозокот, особено кај жените.

4. Чоколадото помага да се опуштите

Постои биолошки објаснива причина, зошто посегнувате по благо кога сте вознемирени. Истражувањата покажуваат дека чоколадото содржи состојка наречена анандамид, која ги активира истите мозочни рецептори како и марихуаната.

5. Помага за продолжување на животот

Едно истражување во британското медицинско списание открива дека консумирањето на благо може да ви помогне да живеете подолго од оние луѓе кои не консумираат благо. Учесниците во истражувањето кои јаделе благо од еднаш до три пати месечно имале најниска смртна стапка во групата, а истражувачите претпоставиле дека ова е поради антиоксидансите во чоколадото. Во 2009 година едно друго истражување докажало дека луѓето кои преживеале срцев удар, а консумираат чоколадо, имаат помала шанса за компликации од оние кои не јадат.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар