Зошто бабата по мајка има поголемо влијание во вашиот живот за разлика од бабата по татко?
Ако сте имале среќа да пораснете со вашата баба, вашите сеќавања од детството најверојатно се исполнети со чувство на сигурност и уживање. Но дали некогаш сте помислиле дека постои биолошка разлика помеѓу бабата по вашата мајка и бабата по вашиот татко? Ако им верувате на научниците, помеѓу внуците и бабата по мајка, покрај љубовта, постојат и уште неколку посебни врски.
Неспорна генетика
Гените на некој начин претставуваат единици за наследување составени од ДНК. Генетичарите сметаат дека внуците делат 25% од нивната ДНК со нивните баби и дедовци. Гените се наследуваат и од бабата и од дедото, но најмногу од бабата по мајка. Според научниците, причината е тоа што нивните гени имаат поголемо влијание на потомците.
Се верува дека тоа е поради врската по Х хромозомот. Имено, бабата по мајка им пренесува на децата 25% од Х хромозомот, додека бабата по татко пренесува еден Х хромозом кај женските внуци. Кај машките нема никакво пренесување на хромозоми. Па што значи ова за односот на внуците и родителите на таткото?
Постојат повеќе теории, но повеќето научници веруваат дека станува збор за „татковска неизвесност“, односно мајката и нејзината мајка се 100% сигурни дека огледуваат нивно дете, додека татковците и нивните родители потсвесно не се целосно сигурни бидејќи тие не се на страната која учествува во раѓањето.
Сосема поинаква блискост
Бабите по мајка се многу поблиски со нивните внуци, барем така сметаат научниците. Во многу семејства, бабата по мајка презема поголема одговорност за децата и минува повеќе време со нив. Тие вложуваат во нивните внуци и повеќе се грижат за нив.
Единствена улога
Едно истражување покажало дека од сите родители на нашите родители, најприврзани сме со бабата по мајка бидејќи гените „прескокнуваат“ една генерација (на мајката и таткото). Па, можеби токму поради тоа подобро се сложувате со бабата и дедото, одошто со вашите родители.
Знаевте ли дека бабите имаат големи придобивки од чувањето на нивните внуци?