Знаете ли во кои земји најмногу се консумира алкохол?
Во многу земји во светот луѓето пијат релативно мало количество алкохол, особено поради религиозните или културните верувања. Наспроти нив пак, постојат и земји каде што пиењето претставува еден вид начин на живот. Погледнете ги прво рангираните 20 земји според купената количина алкохол.
20. Соединетите Американски Држави
Нивото на пиење алкохол во САД останало стабилно од 2000-тата година, со по 8 литри на една личност. Американците сакаат пиво, го пијат речиси 3 пати повеќе отколку виното, а исто така тука се наоѓаат и најголемите потрошувачи на шпиритус.
19. Нов Зеланд
Консумирањето алкохол не ја надминал ознаката од 10 литри според евиденцијата во 2000-тата година, односно, од 2010 година ова ниво е во опаѓање. Иако Нов Зеланд е познат по тоа што има квалитетно вино, таму повеќе се пие пиво.
18. Данска
Иако во 2012-та година се забележало намалување, 2013-та година покажала дека пиењето алкохол кај Данците повторно се враќа. Бројките биле највисоки во 2000-та година со 11,69 литри по лице.
17. Финска
По пристигнување до највисокото ниво во 2007-ма година (10,45 литри по лице), нивоата за пиење алкохол во Финска генерално се во опаѓање. Финците најмногу уживаат во пиење пиво.
16. Велика Британија
Вкупните нивоа на пиење во Велика Британија опаѓаат. Во 2004-та година, Британците пиеле 11,73 литри по лице, додека пак во 2012-та година тие изнесувале 9,56 литри. Иако Велика Британија е седмиот најголем потрошувач на вино, луѓето пијат слични количини и пиво и вино.
15. Белгија
Белгија е позната по пивото, па не е изненадување фактот дека се пие повеќе од виното.
14. Швајцарија
Консумирањето алкохол во Швајцарија, општо земено, се намалува од 2000-тата година. Оваа земја е трет најголем потрошувач на вино од листата.
13. Австралија
Консумирањето пиво во Австралија е на најниско ниво според податоците од Светската здравствена организација од 2000-тата година, но постои раст во количината на пиење вино. Сепак, пивото сѐ уште е најпопуларниот алкохолен пијалак.
12. Полска
Полјаците се најголемите пијачи на пиво од листата, со просек од 6,9 литри по лице во 2012-та година, но не пијат многу вино, наместо тоа претпочитаат шпиритус, во просек од 4,18 литри по лице во 2013-та година.
11. Латвија
По тешка 2007-ма година за пиење, со 12,12 литри по жител, жителите во Латвија пијат помалку, а омилен пијалак им е пивото, па потоа шпиритусот.
Погледнете кои земји се наоѓаат на првите десет позиции, на наредната страница…
Katastrophe