Знаете ли што претставуваат боите со кои се бојат велигденските јајца?
Боењето велигденски јајца е една од најстарите и најмоќните традиции во нашите краишта. Токму затоа и не постои човек што не чул за неа, без разлика дали со исчекување ја чека или пак, едноставно не верува во неа. Но, дали сте знаеле дека зад секоја боја се крие одредено значење? Дознајте во продолжение…
1. Црвена боја
Ова е најчестата боја на велигденските јајца и се поврзува со крвта на Исус Христос. Токму затоа и таа симболизира љубов и жртва за доброто на сите луѓе.
2. Виолетова боја
Оваа боја за време на Велигденските празници го претставува кралството и се смета за боја која може да донесе многу богатство.
3. Зелена боја
Покрај тоа што е позната како бојата на тревата, зелената боја со себе носи и надеж за раѓање и обнова. Новите растенија настануваат токму тогаш кога тревата и листовите стануваат зелени.
4. Сина боја
Оваа боја го симболизира рајот, небото и водата. Светло сината боја исто така означува и почеток на мир и хармонија.
5. Жолта боја
Воопшто не е чудно што оваа боја се поврзува со сончевата светлина. Таа е бојата што носи многу среќа и радост.
6. Портокалова боја
Велигденските јајца во оваа боја се поврзуваат со нови мугри, нов почеток на денот и нова годишна доба.
7. Розова боја
За време на Велигденските празници, розовата боја симболизира нов, свеж почеток. Таа исто така се поврзува и со разиграноста.
Погледнете ги и овие разиграни велигденски предлози за уште попразнична атмосфера!