Зимско пливање во ледени дупки во Финска

Зимско пливање во ледени дупки во Финска

Дали би се осмелиле да појдете на уникатно зимско пливање во Финска? Пливањето во ледена дупка Финците го сметаат за еден вид преродба. Се верува дека е многу здраво, а во регионот Лапланд, луѓето го започнуваат денот со кусо џбурнување во студената вода, веднаш после нивната утринска сауна.

Зимско пливање во ледени дупки во Финска

Тие сметаат дека нема ништо порелаксирачко од нурнување во ледено студената вода. Но, најинтересната работа се случува отпосле, бидејќи веднаш штом излезете од дупката, почнува да проработува циркулацијата и телото почнува да се загрева, што резултира со огромен пораст на вашата енергија, која останува интензивна до крајот од денот. Исто така се смета дека редовното капење во мраз го отстранува хроничниот замор, го намалува стресот и ве прави отпорни на настинки.

Зимско пливање во ледени дупки во Финска

Повеќе од 100.000 Финци ја прават оваа активност барем еднаш неделно, во зима. Ледената традиција, освен во Финска, се практикува и во северна Русија, Норвешка, Шведска, Данска, Естонија, Литванија, Летонија, Велика Британија, Белгија, Кина и Северна Америка.

Зимско пливање во ледени дупки во Финска

Зимското пливање во суштина не е опасно по здравјето за здравите луѓе, но треба да го избегнуваат оние кои не се навикнати на капење во студена вода, кои имаат срцеви болести или проблеми со дишењето, висок крвен притисок, аритмија и лица со голема телесна маса.

Зимско пливање во ледени дупки во Финска Зимско пливање во ледени дупки во Финска Зимско пливање во ледени дупки во Финска


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар