Живејте според мислите на Таоизмот

Живејте го животот на Таоистички начин

Таоистичкото учење, потекнува од Кинеската мисла и ја поседуваа мистичноста која од секогаш била примамлива за земјите ширум светот. Таоизмот не е религија, туку е практична мисла за уметноста на живеењето. Тао е суштината на сè, која може да се следи само со интуиција, не со срце и не со разум.

0zivejte-na-taoistichi-nachin-kafepauza.mk

Доколку сакате да го практикувате Таоизмот како начин на живот, еве неколку негови практични мисли:

1. Грижете се и помагајте им на оние кои се израз на вашата лична природа.

1zivejte-na-taoistichi-nachin-kafepauza.mk

2. Бидете искрени кон себе.

3. Поврзете сè со светот онака како што би сакале да бидете прифатени.

4. Поврзете сè и со оние коишто се спротивни на вашата природа.

2zivejte-na-taoistichi-nachin-kafepauza.mk

5. Кон оние што не сакаат во целост да ве прифатат такви какви што сте, не е потребна никаква акција: Оставете ги во тишина, таму ќе бидат свои, како што би биле и вие.

3zivejte-na-taoistichi-nachin-kafepauza.mk

6. Не поседувате ништо, вие сте само заштитник на природата.

7. Поставете усогласеност помеѓу умот, телото и духот.
Практикувајте боречки вештини за да го одржите телото силно,
јога за да го направите телото вешто,
медитација за да го исчистите умот,
возете велосипед за да го ослободите духот.
Читајте поезија…
Така, првенствено се спознавате себеси, а потоа и светот.

4zivejte-na-taoistichi-nachin-kafepauza.mk

8. Земете си доволно време, релаксирајте се, истражувајте. Таоизомот нема планови, туку е базиран на следење на вашето расположение и доверба во вашите инстинкти.

5zivejte-na-taoistichi-nachin-kafepauza.mk

9. Сè се состои во паузата на една воздишка. Дишете длабоко. Земете воздух кога ви е потребна пауза. Преку дишењето се соединувате со себе.

10. Пред да го преземете следниот чекор – насмевнете се. Насмевката ги отвора можностите.

11. Има 6,5 милијарди луѓе во светот и исто толку патеки во Таоизмот, секоја личност може да нè научи нешто.

6zivejte-na-taoistichi-nachin-kafepauza.mk

12. Понекогаш е потребна тишина, бидејќи само така ќе се слушнете сами себе, а не метежот.

7zivejte-na-taoistichi-nachin-kafepauza.mk

13. Луѓето сакаат да ја достигнат перфекцијата како животна цел…

Но, не треба да е така… Треба да бидете добри во нешто, а со тоа да ги прифатите ситните несовршености. Несовршеностите се елементи на хаосот кои ѝ даваат индивидуалност и различност на личноста. Без нашите маани не би биле индивидуи.

14. Треба да ги прифатиме најдобрите и најлошите моменти во нашиот живот.

8zivejte-na-taoistichi-nachin-kafepauza.mk

15. Отфрлете ги очекувањата.

Таоистот живее без очекувања, живее тука и сега. Со отфрлањето на упатствата и очекувањата го правите она што е правилно за себе.

9zivejte-na-taoistichi-nachin-kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент на катедрата за Општа и компаративна книжевност. Голем гурман, обожувач на уметноста и кафехоличар. Секогаш се интересира за нови погледи на светот и затоа има немирен дух. Задолжително наоѓа слободно време кое го поминува со нејзиното домашно милениче и да се напие макар една шолја кафе со пријателките.

Поврзани содржини

Остави коментар