Жените кои вежбаат имаат најмногу сексуални партнери
Од вежбањето има многу придобивки за здравјето, но има и уште едно нешто за кое веројатно не сте ни помислиле – повеќе секс. Имено, според истражување спроведено на Универзитетот Кембриџ, оние кои се занимаваат со спорт имаат најмногу сексуални партнери.
Во истражувањето учествувале над 7.000 мажи и жени постари од 50 години. Една од 12 жени и еден од пет мажи имале над 10 сексуални партнери во текот на нивниот живот. Истражувањето покажало поврзаност помеѓу вежбањето и сексуалната активност. Жените кои вежбале најмалку еднаш неделно, имале 73% поголеми шанси да спијат со најмалку 10 мажи, за разлика од жените кои вежбале поретко.
Истражувачите ги објасниле овие бројки така што жените кои спортуваат имаат повеќе можности да запознаваат мажи, а со тоа и да го зголемат бројот на партнери. Покрај тоа, вежбањето ја зајакнува самодовербата и го подобрува расположението, нешта што исто влијаат на бројот на сексуални партнери.
21,1% од хетеросексуалните мажи и 6,8% од хетеросексуалните жени спиеле со повеќе од 10 партнери. Во групата хомосексуалци, 84% од мажите имале над 10 партнери. 28,9% од бисексуалните жени имале над 10 партнери и партнерки, а кај лезбејките бројот бил 14,3%.
Што мислите, дали сексот може да се смета за физичка активност?