Жени ширум светот протестираат против срамењето од користење шминка

Жени ширум светот протестираат против срамењето од користење шминка

Постојат многу причини поради кои луѓето се засрамуваат на социјалните медиуми. Покрај нападите за прекумерната тежина, премалку тежина, како и различните начини и стилови на облекување, можеме слободно да заклучиме дека Интернетот е преполн со луѓе чија единствена цел е да наоѓаат нови начини да предизвикуваат луѓето да се чувствуваат лошо за себе. И изгледа во последно време шминката е најновата причина поради која луѓето ги напаѓаат жените, па токму тоа беше инспирацијата за видеото „Моќта на шминката“ кое покрена вистинска револуција.

(1) Жени ширум светот протестираат против срамењето од користење шминка

И покрај тоа што сите сме за ширење позитивна слика за себе, во сопствената кожа, сепак не сите жени се родени со беспрекорни црти како дел од познатите ѕвезди. На секоја жена ѝ се случува да посака во еден момент да изгледа секси и жешко, наместо како природна убавица, па зошто мора да се срами да се нашминка малку посилно? Токму тоа се обидуваат да го покажат голем број жени ширум светот. Тие со своите фотографии на социјалните мрежи им даваат до знаење на луѓето дека е сосема во ред доколку има денови кога сакате да изгледате беспрекорно. И токму тоа е целта на шминката…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар