Земја каде важат најнеобичните правила: Овие работи можете да ги видите само во Австралија!
Фасцинантна земја во која можете да видите некои видови риби стари повеќе од 300 милиони години, каде што луѓето користат пластични пари и каде што може да наидете и на најнеобични скулптури.
Ви откриваме неколку интересни факти и работи што можете да ги најдете само во Австралија.
1. За да разберете колку е голема Австралија, замислете го ова: во Австралија има само еден ранч кој е поголем од целиот Израел и се смета за најголем ранч во светот.
2. Кога ќе наполнат 19 години, Австралијците се сметаат за возрасни граѓани кои имаат право на глас, иако би било подобро да се каже дека е обврска да гласаат. Доколку не излезете на гласање и немате добар изговор за тоа, ќе бидете казнети со парична казна од 20 до 50 долари. Доколку одбијат да ја платат казната, им се одзема возачката дозвола.
3. На што ве потсетува Операта во Сиднеј? Ако мислевте дека е едрилица, грешите. Архитектот добил инспирација додека јадел портокал. Кога ќе ги споите сите парчиња, ќе добиете совршен круг.
Ver esta publicación en Instagram
4. Низ Австралија има 150 огромни необични скулптури – во форма на печурки, банани и крокодили се само некои од нив. Направени се како атракција за туристите.
5. Знаците покрај патот обично служат за да нè информираат или да нè предупредуваат, но во Австралија постојат и од други причини. Некои патишта низ земјата се толку долги и здодевни, па властите излегоа со идеја да додадат, покрај информативни знаци, и знаци што ќе ги анимираат патниците. Некои од нив содржат слика или пократок текст.
6. Во 1970 година, австралиската држава Викторија беше првата држава што воведе обврска за врзување на безбедносен појас во автомобилите.
7. Австралијците користат пари направени од пластика.
8. Забележано е дека речиси 70 туристи кои годишно ја посетуваат Австралија, остануваат засекогаш во таа земја.
Ver esta publicación en Instagram
9. Семејствата често вработуваат постара женска личност која им помага во домашните работи и си игра со децата, исто како вистинска баба.
10. Најдолгиот терен за голф се наоѓа во Австралија.
7 факти за една убава европска земја која до пред 30 години не емитуваше ТВ-програми во четврток.