Засрамувачки работи кои сите ги правиме иако не признаваме
Знаеме дека криете нешто, дека имате тајни. Исто, знаеме што криете. Но, не грижете се, не сте сами. Многумина ги прават овие работи иако никогаш не би признале.
Кога немате перена долна облека користите костим за капење за истата намена
Ако долната облека не е испрана, а вие мора да излезете веднаш од дома, и немате што да облечете, ќе наврете набрзинка долен костим за капење. Кога мора да се снаоѓаш, мора. А и не е толку страшно. Кој ќе знае што носите на себе?
Ги „демнете“ пријателите на социјалните мрежи
Ок, здодевно ви е, нема што да правите, плус сте љубопитни за нечиј живот. Фаќате и прегледувате сè што му/ѝ се случувало на ФБ. Да, знаеме, звучи лошо. А знаете што е уште полошо? Знаеме дека одвреме-навреме ќе ѕирнете и во профилите на бившите, иако мина долго време и сте го/ја преболеле.
Јадење лоша храна и остатоци од храна
Како вчерашната пица со тврда корка, или ненаситното ждерење на последните неколку колачиња или пудингот со сомнителен рок на траење што се правите дека не го забележувате. Во ред е, сите знаеме да бидеме дрчни понекогаш.
Потфрлате со личната хигиена
Не сте понеле со себе четка за заби на викенд на место кое нема допир со цивилизација и се „четкате“ со прст. Или, немате време да измиете заби и набрзинка лапате мастика. Може и да доцните негде па да не се истуширате туку да потрошите пола дезодоранс. Упс.
Кажување „бели“ лаги
Да, знаеме, но не грижете се, вашата тајна е безбедна со нас. Не, не бевте толку зафатени едноставно заборавивте да ѝ ѕвоните, и не треба да одите таму и таму едноставно не сакате да се видите со личноста. И да, не ве боли стомак туку не ви се работи по дома.
Преправање дека имате супер живот на социјалните мрежи
Да се разбереме, ничиј живот не е совршен, а луѓето, кој помалку кој повеќе, ги користат социјалните мрежи за да покажат дека живеат посреќен, поудобен и побогат живот.