Заштитете се: Кои лозинки во 2016-та година биле најлесни за пробивање?

Заштитете се: Кои лозинки во 2016-та година биле најлесни за пробивање?

Што се однесува до технологијата, претходната година се забележани многу хакирања, како на приватни профили, така и на големи компании и државни администрации. Сепак, иако не можете лесно да ги запрете врвните хакери, потребно е да направите сѐ што е во ваша моќ за да им ја отежните работата.

Заштитете се: Овие лозинки се најмногу хакирани во 2016-та година

Компанијата „Keepr“ која е специјализирана за сајбер-заштита, објавила студија која покажува кои се највообичаените лозинки на корисниците и кои најлесно може да бидат пробиени, без помош од некои напредни програми. Нивниот тим анализирал над 10 милиони лозинки од различни профили на социјалните мрежи, веб-сајтовите и електронските пошти, така што со сигурност може да се заклучи дека нивните резултати се веродостојни. Имено, вообичаената лозинка „123456“ е виновна за дури 17% од сите пробиени приватни профили ширум светот.

Која апликација е моментално најсигурна за заштита?

Според најновите истражувања, апликацијата која може да ви овозможи максимална заштита за време на комуникацијата преку вашиот мобилен телефон е Biocoded, бидејќи експертите од оваа компанија успеале да направат најголема можна заштита за вашите податоци. Таа поседува двоен заштитен протокол кој ви овозможува целосна безбедност,  а исто така е проверена и одобрена од страна на независни безбедносни агенции. Додека ја користите оваа апликација, вашите пораки и повици се енкриптирани, а најинтересната опција што ја овозможува е криптираната „групна комуникација“ и временски ограничените пораки кои сами се уништуваат. Сите податоци кои ги праќате или ги разменувате во рамките на оваа апликација, целосно се заштитени и никој не може да им пристапи, дури и доколку ви го украдат телефонот.

Едвард Сноуден ја препорачува Signal како апликација која нуди најголем степен на сигурност на податоците. Меѓутоа, со појавата на апликацијата Biocoded, таа добила реална конкуренција, а можеби и ја изгубила водечката позиција, затоа што Biocoded нуди подобра заштита, што потврдува и фактот дека безбедносните сили на некои земји ја користат за интерна комуникација. На тој начин секој корисник на апликацијата има најголема можна заштита на податоците на својот телефон и во комуникацијата преку Интернет. Signal е достапна за сите мобилни уреди (Android, iOS, Windows).

Заштитете се: Овие лозинки се најмногу хакирани во 2016-та година

Ова се 25-те највообичаени лозинки кои најлесно може да бидат пробиени. Проверете дали и вашата се наоѓа меѓу нив и ако е на оваа листа, веднаш сменете ја за да се заштитите.

1. 123456

2. 123456789

3. qwerty

4. 12345678

5. 111111

6. 1234567890

7. 1234567

8. password

9. 123123

10. 987654321

11. qwertyuiop

12. mynoob

13. 123321

14. 666666

15. 18atcskd2w

16. 7777777

17. 1q2w3e4r

18. 654321

19. 555555

20. 3rjs1la7qe

21.google

22. 1q2w3e4r5t

23. 123qwe

24. zxcvbnm

25. 1q2w3e

Сакате да станете гуру за лозинки? Прочитајте како да имате максимална заштита на вашите профили!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар