Запрашајте се: Што можат да забележат луѓето кај вас во рок од 7 секунди?

Запрашајте се: Што можат да забележат луѓето кај вас во рок од 7 секунди?

Не треба да ја судиме книгата според кориците, но науката докажува дека ние го правиме токму тоа. Луѓето се склони во првите 7 секунди од запознавањето да создадат впечаток за одредена личност и иако тој често е погрешен, може да се држиме до него доста долго време. Верувале или не, може да заклучиме неколку работи за личноста во рок од неколку секунди од запознавањето.

zaprashajte-se-shto-mozhat-da-zabelezhat-lugjeto-kaj-vas-vo-rok-od-7-sekundi-kafepauza.mk

1. Самодовербата

Десетина секунди се доволни за да процениме дали можеме да веруваме некому. Во едно истражување спроведено помеѓу студенти, една група имала 100 милисекунди за да ја процени привлечноста, агресивноста, симпатичноста, самодовербата и уште некои други особини на лицата на актерите, додека другата група не била временски ограничена. Размислувајќи за карактеристиките, на некои им требало повеќе, а на некои помалку време, освен кога била во прашање самодовербата – двете групи ја процениле во ист временски период.

2. Финансиската состојба

Вашиот статус може да го открие облеката што ја носите. Истражувањата покажале дека луѓето кои носат брендирана облека како на пример, Диор, Шанел, Гучи, се сметаат за „побогати“.

3. Сексуалната ориентација

Дали знаевте дека е потребна само 1 секунда за да процените нечија сексуална ориентација?

2-zaprashajte-se-shto-mozhat-da-zabelezhat-lugjeto-kaj-vas-vo-rok-od-7-sekundi-kafepauza.mk

4. Интелигенцијата

Дали некој ќе ве смета за интелигентна личност може да зависи од вашиот начин на комуникација, т.е. од контактот со очите што го правите за време на разговорот. Контактот со очите за време на разговорот е многу важен. Дава впечаток на интелигентна личност, а најспособните помеѓу нас знаат да ја искористат и да ја претворат во предност.

5. Тенденцијата за промискуитет

Една студија покажала дека Британците поразлично ги доживуваат жените со тетоважи; ги сметаат за помалку привлечни, т.е. попромискуитетни од припадничките на понежниот пол чија кожа не е украсена со „цртежи“.

6. Доминантноста

Иако многумина мажи очајуваат поради губењето на косата, студијата на Универзитетот Пенсилванија покажала дека тие немаат причина за тага – ќелавите мажи се окарактеризирани како подоминантни од оние коишто имаат коса.

7. Авантуристичкиот дух

Изгледот не е единственото нешто што луѓето го набљудуваат – некои впечатоци се создаваат од начинот на кој се движите. Луѓето кои одат поопуштено ги доживуваме како поотворени и посклони кон авантури.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар