Запознајте ја Зои: Мачката која буквално го носи срцето на нејзините гради

Запознајте ја Зои: Мачката која буквално го носи срцето на нејзините гради

Зои е мачка на која никој не може да одолее. Таа е навистина посебна благодарение на црниот белег во форма на срце што го носи на градите. Интересно е тоа што никој не го забележал ова, сѐ додека не дошле нејзините нови „родители“ да ја посвојат.

Запознајте ја Зои: Мачката која буквално го носи срцето на нејзините гради

Веднаш штом ја здогледале, тие се вљубиле во неа и ја посвоиле заедно со нејзината сестра. Како што Зои растела, така и нејзиното крзнено срце се зголемувало. Токму затоа и го добила прекарот „Кралица на срцата“ (Queen Of Hearts).

Запознајте ја Зои: Мачката која буквално го носи срцето на нејзините гради

Зои и нејзината сестра Изи имаат сопствен Инстаграм профил, каде што моментално можат да се пофалат со речиси 75.000 следбеници. На почетокот, целото внимание го привлекувала Зои поради нејзиниот неодолив белег во форма на срце, но неодамна и Изи станала исто толку популарна благодарение на нејзините преслатки изрази на лицето.

Запознајте ја Зои: Мачката која буквално го носи срцето на нејзините гради

И двете мачки се подеднакво слатки, но имаат различен карактер. Изи е бестрашна со авантуристички дух, а Зои е повнимателна, но и многу љубопитна. Погледнете ги нивните фотографии кои несомнено ќе го освојат и вашето срце!

Запознајте ја Зои: Мачката која буквално го носи срцето на нејзините гради

Понекогаш Зои е навистина будалеста

Запознајте ја Зои: Мачката која буквално го носи срцето на нејзините гради

Но, знае да биде и најсериозната мачка на светот

Запознајте ја Зои: Мачката која буквално го носи срцето на нејзините гради

Погледнете го само овој пресладок израз на лицето!

Запознајте ја Зои: Мачката која буквално го носи срцето на нејзините гради

Зои и нејзината сестра Изи се навистина неразделни!

Запознајте ја Зои: Мачката која буквално го носи срцето на нејзините гради


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар