Запознајте го Зек, момчето што се откажало од модерната облека и носи само историска

Запознајте го Зек, момчето што се откажало од модерната облека и носи само историска

Убаво скроениот костум или малиот црн фустан ќе биде одличен избор за повеќето од нас, но не и за ова момче од Бригтон, Велика Британија. Тој одлучил дека нема причина да се облекува според најновата мода, никогаш повеќе.

(2) se-otkazhal-od-modernata-obleka-i-denes-nosi-samo-istoriska

(8) se-otkazhal-od-modernata-obleka-i-denes-nosi-samo-istoriska

Зошто да носите нормална облека, кога можете да изгледате како принц од Дизни секој ден, особено ако тоа ве прави да се чувствувате добро и имате прилика да го претворите во успешен бизнис. Погледнете за што станува збор.

3) se-otkazhal-od-modernata-obleka-i-denes-nosi-samo-istoriska

(7) se-otkazhal-od-modernata-obleka-i-denes-nosi-samo-istoriska

Зек Мак Леод е 25-годишник од Бригтон кој одлучил дека модерната облека не му оди во прилог. Тој порано носел нормална облека, но го мразел секој момент од тоа, па затоа почнал да си креира историски костуми.

Тој на 14 години го запалил последниот пар фармерки и денес не поседува никаква модерна облека. Од тој ден па наваму, тој носи само историска облека каде и да оди.

(4) se-otkazhal-od-modernata-obleka-i-denes-nosi-samo-istoriska

(9) se-otkazhal-od-modernata-obleka-i-denes-nosi-samo-istoriska

Иако на многу луѓе ова им изгледа чудно, сепак тој цврсто верува во својот моден избор и не му сметаат коментарите што ги добива од луѓето. На крај, единствената работа која му е важна, е тој да се чувствува прекрасно во облеката која ја носи. Затоа и неговата самодоверба се зголемила откако почнал да го прави тоа.

(6) se-otkazhal-od-modernata-obleka-i-denes-nosi-samo-istoriska

Со ваква самодоверба тој не планирал да се врати на нормалната облека. Со текот на времето, забележал и дека луѓето се прилично заинтересирани за ова што го прави, што дури и му плаќале, овозможувајќи ова негово хоби да прерасне во кариера.

Ова скромно момче прави облека од 1660-тите до 1920-тите години, каде што главниот фокус му е насочен кон Георгианскиот и Регентскиот период, добивајќи нарачки дури и од Америка.

(10) se-otkazhal-od-modernata-obleka-i-denes-nosi-samo-istoriska

Погледнете ја и оваа професорка со необичен стил која стана модна икона.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент по Македонски јазик и книжевност. Кога не пишува - чита, и обратно. Сигмунд Фројд, нејзините миленичиња, цртани, Фреди Меркјури, стари предмети и Мото ГП.

Поврзани содржини

Остави коментар