Запознајте го семејството кое оставило сè и тргнало на пат околу светот
Ако имате 8 години и ако дознаете дека вашите родители продале сè што имаат и ве отпишале од училиште, ќе помислите дека сте во рајот. Се разбира шансите да се случи ова се навистина ретки бидејќи повеќето родители сакаат да ги образуваат своите деца на „традиционален“ начин.
Но едно семејство од Хердфордшајр сфатило дека сегашниот систем ги правел несреќни и не им дозволувал да ги следат своите соништа. Наместо да продолжат по патот по кој тргнале, тие одлучиле дека е доста. Ги отпишале нивните ќерки од училиште, го продале сиот свој имот и тргнале на патување околу светот.
25-годишниот Крис Џексон, поранешен болничар во Лондон, и неговата сопруга Дона тргнале на патување со нивната 8-годишна ќерка Ели и 6-годишната ќерка Мајли. Заминале минатата година и никогаш не се свртеле назад. Крис објаснил зошто се одлучиле на овој чекор.
„Ова е најдоброто животно искуство. Мојата сопруга учеше за да стане педијатар и никогаш не се гледавме. Никогаш не поминуваме време со децата. Па помисливме, ајде да патуваме.“
На ова Дона додала:
„Луѓето ги земаат работите здраво за готово и остаруваат разговарајќи за нештата кои требало да ги направат, наместо за работите кои ги направиле. Овој свет е толку материјален, што луѓето наместо да поминуваат квалитетно време со нив, им даваат таблети на своите деца во кои тие пак гледаат со часови. Но, ние ги учиме работите кои сакаме да ги знаат.“
Откако почнале со патување, членовите на ова семејство се многу активни на социјалните мрежи. Редовно ги објавуваат своите авантури на Јутјуб и Инстаграм.
До денес нивното патување ги одвело до САД, Канада, Бахамите, Аруба и Костарика. Тие дури виделе и активни вулкани, нешто што девојчињата сигурно немало да го видат на училиште.
Можеби ќе помислите дека овој начин на одгледување на децата ќе биде соочено со отпор од властите на училиштето на девојчето. Но, Крис изјавил дека директорката на училиштето им е голем фан и дека постојано им коментира на видеата на Јутјуб.
Нивниот канал JellyBeanTV има над 11.000 следбеници, а неодамна објавија и видео со најдобрите настани од 2017-та година. Но нивното патување не завршува овде. Во 2018-та година планираат да ги посетат Виетнам, Камбоџа и Кина.
И покрај тоа што се со ограничен буџет и го заменуваат хотелското сместување со реклами на социјалните мрежи, на Крис не му е криво за ништо и ги охрабрува сите да го направат истото.
„Луѓето секогаш ми велат дека сакат да патуваат, дека им звучи неверојатно, но дека им е страв. Јас ви велам немојте да чекате – не постои совршено време или вистински момент. Единствената личност која ќе влијае на промената сте вие.“