Занимливости од најсреќната земја во светот: Во вторник не смее да се послужува алкохол

Занимливости од најсреќната земја во светот: Во вторник не смее да се послужува алкохол

Кралството Бутан е најсреќната, најзелената и единствената земја во светот со негативен јаглероден отпечаток. Со население од 800.000 жители, главно будисти, оваа земја е дефинитивно едно од најмистичните места кое вреди да го посетите.

Занимливости од најсреќната земја во светот: Во вторник не смее да се послужува алкохол

Во Бутан на секој чекор можете да наидете на интересни работи кои ќе ве воодушеват или збунат. Еден од нив е фактот дека во Бутан е забрането убивањето животни, а најголемиот дел од жителите се вегетаријанци и вегани. Месото пристига од месарниците во Индија, а покрај забраната за убивање, забрането е и сечење дрвја без посебна дозвола.

Занимливости од најсреќната земја во светот: Во вторник не смее да се послужува алкохол

Посетителите на Бутан ќе бидат изненадени од правилото на „трезен вторник“, единствениот ден во неделата кога не е дозволено да се пие алкохол. Повеќето ги почитуваат правилата, но доколку сепак не можете да издржите, ќе најдете кафулиња каде се точи „на црно“. Таму алкохолот се служи во чаши за чај.

Занимливости од најсреќната земја во светот: Во вторник не смее да се послужува алкохол

Иако можеби мислите дека жителите на една од најсреќните земји во светот се трезни поголемиот дел од времето, сепак зачудувачки е фактот дека Бутан има највисока стапка на потрошувачка на алкохол по глава на жител во Јужна Азија. Во земјата има повеќе од пет илјади барови, а околу 700 од нив се наоѓаат во главниот град Тимфу.

Занимливости од најсреќната земја во светот: Во вторник не смее да се послужува алкохол

Во Бутан пушењето се смета за грев, а тутунот за растение кое израснало од крвта на демоните. Од 2010 година забрането е производството и продажбата на тутунски производи, па затоа пушачите ги шверцуваат цигарите од Индија.

Занимливости од најсреќната земја во светот: Во вторник не смее да се послужува алкохол

Покрај тоа, Бутан е една од ретките земји во светот каде сè уште постои полиандрија, односно брачна врска на една жена со повеќе сопрузи. Иако оваа практика повеќе не е толку распространета како во минатото, сепак сè уште се негува во помалку развиените делови на земјата.

Откако ги прочитавте занимливостите за најсреќната земја во светот, можеби ќе сакате да прочитате и 14 факти за Бутан, државата со бесплатно здравство и без бездомници.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Остави коментар