Замок на љубовници и вдовици: Раскошен „женски“ дворец на вода

Замок на љубовници и вдовици: Раскошен „женски“ дворец на вода

Кога ќе помислиме дека сме ги виделе или сме слушнале за најубавите места во Франција, без разлика дали станува збор за замоци, градини или француската ривиера, оваа земја одново успева да нè изненади. Овој пат ве носиме на прошетка во замокот на вода кој се наоѓа во долината на Лоара. Се работи за величествен дворец чија убавина ќе ви го одземе здивот.

Замок на љубовници и вдовици: Раскошен „женски“ дворец на вода

Замокот Шенонсо е еден од најпознатите замоци во долината во северозападниот дел на земјата која го носи називот „градина на Франција“. За ова се заслужни многубројните лозја и овоштарници распослани покрај бреговите на реката, како и величествените замоци кои ја красат долината.

Замок на љубовници и вдовици: Раскошен „женски“ дворец на вода

Имотот Шенонсо се споменува во 11 век, а во 16 век се споменува прекрасен замок кој се протега како мост на река. Изграден е од најголемите ренесансни архитекти од тоа време, а денес е еден од најпосетуваните замоци во Франција. Прогласен е за споменик на културата, а целиот комплекс е плод на женската имагинација.

Имено, замокот бил подарок од кралот Хенри II на неговата љубовница Дајан де Поатје. Токму таа изразила желба замокот да се протега сè до другиот крај на реката и околу него да се засади бујна градина со цвеќиња и овошни дрвја. Кога кралот Хенри II починал, неговата вдовица, Катерина де Медичи, ја истерала љубовницата од имотот и го збогатила замокот со нови градини.

Замок на љубовници и вдовици: Раскошен „женски“ дворец на вода

Откако замокот станал нејзина сопственост, се расчул по прославите што редовно се одржувале тука. Покрај тоа, во 1560 година овде (и воопшто во Франција) за прв пат се палеле огномети на небото. По смртта на Катерина, замокот го презела сопругата на кралот Хенри III. Но, таа набрзо паднала во депресија по смртта на нејзиниот сопруг.

Кралот Хенри IV го подарил замокот на својата љубовница, Габриел д’Eстрис, но бидејќи долговите и кавгите за наследство се пренесувале низ генерациите, имотот бил распродаден. Во 18 век, богаташот Клод Дупен го купил замокот и го дал под управа на неговата сопруга. Луиз Дупен била убава, интелигентна и префинета жена која на својот двор организирала книжевни средби каде присуствувале најпознатите писатели од просветителството – од Волтер до Русо. Таа дури и успеала да го спаси замокот од уништување за време на Француската револуција.

Во 19 век бил наследен од страна на Маргерит Пелуз која го обновила. По неколку свечени прослави, сопственичката се нашла на работ на банкрот и затоа го продала замокот.

Денес замокот е реставриран и отворен за јавноста. Тој плени со својата архитектура, па затоа не е за изненадување фактот дека овде често се снимаат филмови, а ресторанот и салонот за настани се секогаш резервирани со недели однапред.

Откако прочитавте за овој преубав, раскошен дворец, ви препорачуваме да прочитате и кои 7 работи морате да ги видите и направите во Франција.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар