Загатка за понеделничко расонување: Која гумена бонбона ќе ја одберете ако животот ви зависи од изборот?

Загатка за понеделничко расонување: Која гумена бонбона ќе ја одберете ако животот ви зависи од изборот?

Како што можете да видите од оваа слика, не станува збор за комплицирана загатка и постојат големи шанси дека ќе го погодите точниот одговор, дури и на среќа. Но, сепак поголемиот дел од луѓето ја избираат погрешната гумена бонбона. Прочитајте ја загатката во продолжение и откријте дали вие ќе бидете дел од малцинството што успеале да ја избегнат стапицата. Со среќа!

Замислете дека сте заробени во шума и дека единствениот начин да излезете е доколку ја изедете „безбедната“ гумена бонбона од трите понудени пред вас. Едната од нив го носи излезот од шумата, а другите две се отровни. Изгледа доста едноставно, зар не?

(1) Загатка за понеделничко расонување: Која гумена бонбона ќе ја одберете ако животот ви зависи од изборот?

Личноста што ви ги поставила овие гумени бонбони пред вас ви вели да изберете една од нив. Да замислиме дека сте ја одбрале зелената.

(2) Загатка за понеделничко расонување: Која гумена бонбона ќе ја одберете ако животот ви зависи од изборот?

Таа потоа ви вели дека ќе тргне една од останатите две за која гарантира дека е отровна и ја поместува сината гумена бонбона!

(3) Загатка за понеделничко расонување: Која гумена бонбона ќе ја одберете ако животот ви зависи од изборот?

Тоа е целата помош што ќе ја добиете. Дали ќе ја изедете зелената гумена бонбона или пак, ќе ја одберете црвената? Кој е вашиот избор? Имате само 10 секунди!

  • Ја одбирам зелената гумена бонбона.

    Погрешен избор! Поголемиот дел од луѓето веруваат дека имаат 50/50 шанса за успех бидејќи знаат дека едната гумена бонбона е отровна, а другата не, но задачата е малку покомплицирана одошто мислите. Всушност црвената има половина помалку шанси да биде отровна од зелената. Зошто? Кога ја одбравте зелената, имавте 1 од 3 шанси да е безбедна, а 2 од 3 шанси да е отровна. Но, кога сината се тргна од равенката, зелената остана со истите 1 од 3 шанси да биде безбедна, но научивме многу повеќе за црвената. Бидејќи сината гумена бонбона беше тргната, сега постојат 2 од 3 шанси дека црвената е безбедна. Тоа се два пати подобри шанси од зелената и логичниот избор!

  • Ја одбирам црвената гумена бонбона.

    Ви честитаме, успеавте да ја преживеете оваа загатка!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар