Зачудувачки придобивки од озборувањето

Зачудувачки придобивки од озборувањето

Ако озборувањето е едно од вашите „забранети задоволства“, можно е да имате и некои придобивки од него. Едно неодамнешно истражување покажало дека озборувањето може да биде добро за социјалната интеракција.

(2)pridobivkite-na-ozboruvanjeto-kafepauza.mk

Озборувањето ги зближува луѓето повеќе од нормално бидејќи тогаш тие разговараат за тема која не е лично за нив. Тоа исто така може да им помогне на луѓето да одлучат кому ќе веруваат поради информациите кои ги добиваат за другите.

Во истражувањето учествувале 22 девојки кај кои било забележано зголемено излачување на окситоцин за време на озборувањето. Овој хормон е поврзан со мајчинството, социјалното однесување и задоволството. Во истражувањето биле вклучени само девојки бидејќи научниците не сакале привлечноста помеѓу машките и женските (доколку се појавела) да пречи во резултатите.

(1)pridobivkite-na-ozboruvanjeto-kafepauza.mk

И други истражувања го поддржуваат ова

Истражување од 2014 година открило дека озборувањето може да ја подобри соработката во некоја група и да го спречи егоистичното однесување. Во групите во кои било дозволено озборувањето, себичноста била намалена, за разлика од групите кои не озборувале.

(3)pridobivkite-na-ozboruvanjeto-kafepauza.mk

Истражување од 2012 година покажало и дека озборувањето на работното место носи позитивни резултати. Луѓето се плашат дека ќе бидат „жртви“ на озборување, па поради ова се зближуваат со своите колеги. Заканата од озборувањето изгледа има функција на социјален притисок која ги мотивира членовите на некоја група да се однесуваат правилно и според она што другите го мислат за нив.

Погледнете ги и овие цитати за озборувањето.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар