Забавно и едноставно: Исплетете бескраен шал, ќебе или ѓердан користејќи ги само вашите раце
Новиот популарен тренд на плетење трае веќе неколку години, но доколку сè уште го немате пробано тогаш можеби конечно дојде време. Плетењето со раце ги преплави светските блогови и Јутјуб и кога ќе откриете колку е лесно, веднаш ќе сфатите зошто е толку популарно.
Дури и доколку никогаш порано не сте плетеле, за овој метод не ви се потребни предзнаења и техники. Кога станува збор за шал, сè што ви е потребно е дебела волница, вашите две раце и половина час слободно време. За ќебето ќе ви бидат потребни плус 15-тина минути, а ѓерданот можете да го направите за само неколку минути.
Бескраен шал
Овој шал е направен од еден дел, кој е споен на краевите. За да го изработите потребни ќе ви бидат 4 клопчиња дебела волница (секое клопче би требало да има 40 метри должина и да тежи околу 100 грама) и 30 минути слободно време.
Можете да го изработите шалот и на следниов начин:
Ќебе
Плетењето со раце не е ограничено само на шалови, вие можете да си исплетете и ваше меко ќебенце. За него ќе ви биде потребно малку повеќе материјал (12 клопчиња волница, секое од нив треба да биде по 15 метри долго и да тежи 100 грама) и малку повеќе време. Волницата треба да биде многу дебела со цел да добиете помеко и потопло ќебе откако ќе завршите.
Ѓердан
Кога станува збор за плетење само со раце, имате бескрајни можности. Една од овие можности е и овој интересен ѓердан со кој ќе се издвоите од останатите. За него ќе ви бидат потребни малку повеќе додатоци (покрај волницата, потребни ви се и големи бисери, копчиња, 2 прстена за накит, жици, клешти и по ваш избор боја во спреј).
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.