Забавна, но застрашувачка брачна статистика

Забавна, но застрашувачка брачна статистика

Во љубовните врски влегуваме полни со очекувања и верба во блескава заедничка иднина, но реалноста е далеку од „розовата“ верзија која ни ја сервираат во романтичните филмови. Прочитајте ја оваа откачена брачна статистика, објавена од страна на порталот „Shine“ и видете дали би си впуштиле во лудата авантура, таканаречена брак. 🙂

Забавна, но застрашувачка брачна статистика

  • Работата, децата, телевизијата, интернетот, хобито и куќните семејни обврски ќе ви го „изедат“ секој слободен момент од денот, така што со партнерот ќе поминувате насамо, само по околу 4 минути дневно.
  • Доколку се венчате со некој со којшто претходно сте имале афера, веројатноста дека ќе се разведете е околу 75%.
  • 60% од луѓето кои се во брак, барем еднаш го изневеруваат својот партнер.
  • Доколку се венчате млади, статистиката е уште полоша. Браковите склопени пред 25-тата година од животот, најчесто завршуваат со развод. Покрај ова, тешко се останува и во брак во кој жената е значително постара од мажот.
  • Паровите кои имаат деца поретко се разведуваат, но понекогаш се случува самото раѓање на децата, да предизвика оддалечување помеѓу партнерите.
  • Добрата вест е дека можете да воздивнете после 7-мата годишнина од бракот. Повеќе од 50% од разводите се случуваат во текот на првите 6 години од бракот.
  • Просечен брачен пар им се препушта на страстите 58 пати годишно. Тоа е отприлика еднаш неделно, плус, веројатно и „сексот за специјални прилики“, како што се родендените и годишнините. Зачестеноста на сексот опаѓа после првите 2 години од бракот, а веќе 20% од паровите после тој изминат период, љубов водат максимум 10 пати годишно.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар