Претходно
Забавна Фејсбук статистика
Датум: 20 фев 2011
Коментари: 0
Како одминува времето, светската социјална мрежа Фејсбук станува сè поголем гигант. Како што покажаа статистиките, Фесјбук успеал да го надмине дури и неприкосновениот Гугл, во посетеност на територијата на САД. Ова е дел од неверојатната статистика на Фејсбук, која говори за неговата вртоглава успешност. Податоците се од крајот на 2010 година.
- Има повеќе од 500 милиони активни корисници.
- Повеќе од 50% од активните корисници се конектираат на Фејсбук секој ден.
- Просечниот корисник има 130 пријатели.
- Луѓето на Фејсбук поминуваат 700 милијарди минути во еден месец.
- На Фејсбук има повеќе од 900 милиони групи, заедници, страници, настани…
- Просечниот корисник е приклучен на 80 заедници, групи и настани.
- Секој месец се споделуваат повеќе од 30 милијарди содржини (линкови, вести, блог постови, фотоалбуми, белешки…).
- Фејсбук можете да го користите на 70 јазици.
- Скоро 70% од корисниците живеат надвор од САД.
- На Фејсбук моментално има повеќе од 550.000 активни апликации.
- Повеќе од 1 милион веб-сајтови се имаат поврзано со Фејсбук.
- Има повеќе од 200 милиони активни корисници кој пристапуваат на Фејсбук преку нивните мобилни уреди.
- Луѓето кои го користат Фејсбук на нивните мобилни уреди, се два пати поактивни од останатите корисници.
- Фејсбук е проценет дека вреди помеѓу 7,9 и 11 милијарди долари (и цената постојано расте).
- Во Фејсбук има повеќе од 1.700 вработени.
- Повеќе од 20 милиони луѓе стануваат фанови на Фејсбук страници секој ден.
- Просечниот корисник поминува 55 минути дневно, конектиран на Фејсбук.
- 55% од жените прикачуваат повеќе содржини на нивните ѕидови отколку мажите.
- Секој месец се прикачуваат повеќе од 3 милијарди слики.
- САД е земја со најмногу Фејсбук корисници (повеќе од 143.500.000).
- Повеќе од 250 апликации имаат над 1 милион активни корисници.
- Доколку Фејсбук беше држава, таа ќе беше трета по големина.