За сите оние родени во 1960, 1970 и 1980 години: Како ли само преживеавме?

За сите оние родени во 1960, 1970 и 1980 години: Како ли само преживеавме?

Сите деца од улицата го возеа истиот велосипед. Се разбира, тоа беше „бемикс“ на кој често му се вадеше ланецот, па се обидувавме да го вратиме на место со валканите прсти. Немаше родители во близина да викаат „успори“, а и децата не носеа шлемови додека возеа.

За сите оние родени во 1960, 1970 и 1980 години: Како ли само преживеавме?

За време на летниот распуст излегувавме наутро и се враќавме доцна во вечерните часови. Речиси никој не може да се сети што направивме сето тоа време, само некои се сеќаваат: „долга магарица“, прескокнување јаже и ластик, стража и криенка, „плочка“, „дај царе војска“, џамлии, „камај“…

Како што паѓаше мракот, нашите мајки нè повикуваа дома, но дури и тогаш не сакавме да се откажеме од бркотниците по улиците.

Немаше мобилни телефони, никој нè бараше. Го јадевме овошјето што ќе го „украдевме“ искачувајќи се на високите гранки од вишните и јаболкниците на соседите.

Паѓавме, добивавме скршеници, но никој не тужеше никого. Гребнатините од кои не течеше „многу“ крв беа игнорирани, сè заради играта. Знаевме дека ако се вратиме дома, нашите родители нема да дозволат да излеземе надвор до крајот на тој ден.

Јадевме колачи, штрудли, сладолед, палачинки, но ниту едно дете не беше дебело затоа што постојано трчавме, скокавме, брзавме, се качувавме… Некои од нас пиеја вода или сок од истото шише, но никој не се разболе од тоа.

Немавме Интернет, мобилни телефони, конзоли, 160 канали на кабловската телевизија, но имавме пријатели!

За сите оние родени во 1960, 1970 и 1980 години: Како ли само преживеавме?

Само ќе излезевме и ќе ги најдевме. Немаше договарање однапред. Седевме на клупите во паркот, на гранките од дрвјата, на трупчиња и разговаравме за сè и сешто.

Ако сакавме да повикаме некого, ќе одевме до неговата врата, ќе тропневме или само ќе влезевме дома и ќе ги поканевме другарчињата на леб и мармалад.

Се сеќавате ли? Сами во овој суров свет! Како ли преживеавме?

Сите играа фудбал, одбојка, но скоро никој не го практикуваше спортот професионално. Оние што не беа добри во спортот, научија како да се справат со разочарувањето.

Речиси никој од нас ги немаше „сите петки“ на училиште, но имаше многумина кои не ја поминаа годината. Родителите не учеа и не пишуваа домашни задачи со нас.

Татковците мудро велеа: „Ако имаш единица, сигурно си ја заслужил“, или „И тројката е за ученици“, или „Ако научиш ќе одбиеш петка!“…

Бевме подготвени на последиците. Немаше зад кој да се скриеме. Родителите секогаш беа на страната на наставниците. Ако направевме грешка, знаевме дека самите сме одговорни за последиците! Никој не нè бранеше, тоа беше познато.

Имавме слобода да избереме, ако сакаме да учиме – да се запишеме на факултет. Родителите не се мешаа во нашите одлуки.

Светот функционираше по поинакви правила и животот беше многу поедноставен. Ах, времиња!

Можеби сакате да ги прочитате и 8-те митови за животот на нашите баби во кои сè уште веруваме.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар