За на ѕид или маса: Направете велигденски венец со зајачиња

За на ѕид или маса: Направете велигденски венец со зајачиња

Барате интересна велигденска декорација што можете сами да ja направите? Ние ви го предлагаме овој интересен венец со зајачиња.

За на ѕид или маса: Направете велигденски венец со зајачиња

За негова изработка ќе ви треба само хартија во боја, молив, ножици и лепак. Прво одберете големо парче хартија во боја и завиткајте го во облик на хармоника. Внимавајте на предната страна од хартијата да има доволно простор за да нацртате зајак.

За на ѕид или маса: Направете велигденски венец со зајачиња

Нацртајте зајак на почетната страница. Имајте на ум дека барем дел од сликата мора да биде на свитканите рабови на хармоника, за зајаците да останат поврзани при сечење.

За на ѕид или маса: Направете велигденски венец со зајачиња

Внимателно исечете го зајакот со ножици.

Кога ги цртате контурите, внимателно исечете го зајакот со ножици и внимавајте да не го пресечете делот од работ што ја поврзува целата хармоника. Раширете ја хартијата и го добивате вашиот велигденски венец. Остатоците од молив лесно избришете ги со гума.

Можете да им нацртате мустаќи и носеви  на зајачињата со молив, но тие ќе бидат исто толку ефикасни и без нив.

Спојте ги краевите на зајачињата и залепете ги со лепак. Вашиот венец е готов и може да го користите за на маса. Со него може да го опкружите садот со вашите велигденски јајца.

Вие сами ќе ја одредите големината и должината на венецот.

Значи, ако сакате 10 зајачиња, вашата хартија хармоника треба да биде долга 10 страници.

Можеби сакате да дознаете и како од обична тегла да направите декоративна вазна за цвеќе?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар