За мажите фудбалот е исто толку добар колку сексот
Група на истражувачи од Шпанија и Холандија откриле зошто мажите ширум светот толку сакаат да гледаат фудбал. Тие откриле дека следењето на фудбалски натпревар ги возбудува поголемиот број мажи исто колку и сексот, но на различен начин.Основниот тест кој го спровеле тие над група од 50 навивачи кои го гледале натпреварот помеѓу репрезентациите на Шпанија и Холандија на финалето на Светското првенство во 2010 година, покажал дека нивото на тестостерон било на извонредно високо ниво за време на целосното траење на мечот, без разлика дали екипата за која навивале водела и губела.
Водечкиот истражувач Лендер ван дер Меј изјавил дека високото ниво на тестостерон покажува дека задоволството кое мажите го чувствуваат за време на гледање фудбалски натпревар може да се мери со ефектите од сексот. Исто така кај помладите навивачи чиј тим во моментот губел било забележано и високо ниво на кортизол или добро познат како хормон на стресот.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.