Возете со стил: Направете сами цветна корпа за велосипед

Возете со стил: Направете сами цветна корпа за велосипед

Кога е лето, секогаш можете да најдете добра причина за декорирање со цветови. Без разлика дали ќе направете цветови од хартија, цветна круна, или пак ќе ги украсите предметите околу вас, може да заклучиме дека изборот е навистина голем. Но, дали сте размислувале да ја украсите со цветови и вашата корпа од велосипедот? Сигурно не, но затоа ние се досетивме. Овој проект ќе ви одземе 30 минути, неколку материјали и веднаш ќе го направи вашиот велосипед 10-тина пати посладок.

1-vozete-so-stil-napravete-sami-cvetna-korpa-za-velosiped-www.kafepauza.mk_

Потребни материјали:
  • Плетена корпа за велосипед
  • Пиштол со силикон
  • Пластични цветови со различна големина
  • Ножици

2-vozete-so-stil-napravete-sami-cvetna-korpa-za-velosiped-www.kafepauza.mk_

Начин на изработка:

1. Отстранете ги цветовите од стеблото. Исечете го долниот дел, со цел да добиете мазна површина за полесно лепење.

3-vozete-so-stil-napravete-sami-cvetna-korpa-za-velosiped-www.kafepauza.mk_

2. Залепете ги поголемите цветови околу горниот дел на корпата, а помалите околу целата корпа.

4-vozete-so-stil-napravete-sami-cvetna-korpa-za-velosiped-www.kafepauza.mk_

5-vozete-so-stil-napravete-sami-cvetna-korpa-za-velosiped-www.kafepauza.mk_

Тоа е тоа! Сега вашата корпа за велосипед изгледа многу поубаво, креативно и оригинално. Плус, вашата корпа повеќе не е досадна и едноставна, туку полна со летен дух и разиграност.

6-vozete-so-stil-napravete-sami-cvetna-korpa-za-velosiped-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар