Возбудливата животна приказна на универзалниот генијалец сè уште е покриена со мистериозни тајни: Кој бил Леонардо да Винчи?

Возбудливата животна приказна на универзалниот генијалец сè уште е покриена со мистериозни тајни: Кој бил Леонардо да Винчи?

На вчерашен ден се родил еден од најбрилијантните умови на човештвото, генијалецот и неуморниот истражувач, сликар, инженер, скулптор, дизајнер, конструктор на оружје, мостови, машини за летање, па дури и композитор – Леонардо да Винчи. Дури по 500 години, тој привлекол истражувачи од различни области на човековото творештво. Неговата биографија е возбудлива, покриена во превезот на мистеријата, исто како и неговите дела, записи, скици и текстови напишани на необичен начин (како во огледало)… Кој беше овој неверојатен човек?

Возбудливата животна приказна на универзалниот генијалец сè уште е покриена со мистериозни тајни: Кој бил Леонардо да Винчи?

Дури и половина милениум по појавата на овој потполно уникатен мислител, сликар, скулптор, анатомичар, научник, архитект, инженер, па дури и композитор и декоратор, интересот за неговите дела и во неговиот живот не опаѓа. Тој бил пред своето време, а некои од неговите идеи биле реализирани дури 500 години подоцна. Некои, пак, сè уште не се декриптирани. Неговата биографија е, исто така, под во превез на тајновитоста, а кога се чини дека сè е познато за него, скоро секоја година се појавува нов поим кој води кон сè уште необјаснети детали од животот на еден од најголемите уметници што ги има светот, наречен Леонардо да Винчи.

Леонардо да Винчи е роден како вонбрачен син на Катарина и Пјетро да Винчи, кој бил истакнат нотар и тоа на 15 април 1452 година, во селото Анцијано, кај Винчи. Леонардо пораснал одвоен од својата мајка во куќата на неговиот татко. Во детството, Леонардо најмногу бил под влијание од неговиот чичко, кој го запознал со светот на растенијата и животните што Леонардо ги проучувал и им посветил внимание до крајот на животот, па така станал и вегетаријанец уште како млад.

Како нелегитимен син, тој не можел да ја продолжи семејната традиција и да работи во нотарски еснаф, па татко му, според многу раните таленти на Леонардо, го испратил во сликарската работилницата на мајстор Андер дел Верокио, каде Леонардо учел за сликарството. Во тоа време, во 1466 година, кога Леонардо дошол да учи сликарство, Верокио бил водечки скулптор во Фиренца, златар и сликар. Тука Леонардо работел со, во тоа време, помалку познати уметници, како Ботичели, Перугино и ди Креди, а во 1472 година станал член на друштвото и мајстор по сликарство, под името Леонардо, без „да Винчи“. Тој работел во ателјето на Верокио извесно време, сликајќи со него. Во тоа време, тој одел и во домот на Лоренцо Медичи, покровител на Верокио. Леонардо наскоро станал познат по многубројните раскошни таленти, доброто држење на телото и станал незаменлив дел од животот во Фиренца.

Возбудливата животна приказна на универзалниот генијалец сè уште е покриена со мистериозни тајни: Кој бил Леонардо да Винчи?

Околу 1482 година заминал во Милано, на дворот на Лудовик Сфорца каде останал до 1499 година. Тој исто така основал свое ателје со неговите студенти. Во Милано ја насликал „Тајната вечера“, која поради употребата на непроверени пигменти, започнала да се оштетува веднаш штом била создадена. Сфорца му нарачал огромна скулптура со коњаници, на која работел со години. Меѓутоа, Сфорца завојувал со Французите и целиот материјал за коњаниците бил потрошен за муниција. Леонардо се вратил во Фиренца во 1500 година и ѝ се придружил на службата на синот на папата Александар Боргија, како воен инженер и градежник.

Продолжете да ја читате оваа неверојатна сторија на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар