Воодушевувачки дестинации за љубителите на цвеќиња

Воодушевувачки дестинации за љубителите на цвеќиња

Иако сами по себе не важат за дестинации во вистинската смисла на зборот, полињата со лаванда, колоритните лалиња и ливадите со диви маргаритки нема да ве остават рамнодушни. Ова се само неколку дестинации кои може да ги посетат љубителите на цвеќињата.

Воодушевувачки дестинации за љубителите на цвеќиња

Прованса, Франција

Самата глетка на бескрајни редови лаванда привлекува илјадници посетители годишно во областа Прованса во Франција. Миризливите полиња од златни сончогледи и црвени булки се протегаат низ ридови и долини и се прекршуваат во пурпурната бесконечност.

Воодушевувачки дестинации за љубителите на цвеќиња

Но шармот на Прованса не се состои само во цвеќињата. Малите историски гратчиња и античките живописни села се исто така дел од неверојатните пејзажи на Франција. Областите како Воклиз, Венту или Луберион ќе ви овозможат да уживате во духовното патување исполнето со мириси, бои, вкусови и историја.

Воодушевувачки дестинации за љубителите на цвеќиња

Холандија

Една од првите асоцијации кои ќе ги поврзете со Холандија се сигурно лалињата. Невозможно е да ја посетите Холандија во пролет, а да не ги забележите можеби најимпресивните цветни полиња со лалиња и нарциси.

Воодушевувачки дестинации за љубителите на цвеќиња

Како производител и извозник број 1 во светот на лалиња, Холандија успешно ги одржува цветните полиња совршени. Нивната колоритност доаѓа до израз во периодот помеѓу април и септември. Најимпресивните колекции на цвеќиња може да ги видите во областа Алкмар во северна Холандија, како и во Којкенхоф во јужниот дел на Холандија, познат уште како најголемата цветна градина во светот.

Воодушевувачки дестинации за љубителите на цвеќиња

Јапонија

Секоја година во периодот помеѓу март и мај, Јапонија добива светло розева боја и само за кратко црешовите цветови расцветуваат и во најурабинте делови на земјата. Токио, Осака, Кјото, Нагасаки – сите тие се преобразуваат во исклучително цветни алеи со деликатна убавина, а јапонските села стануваат уште попривлечни. Посетете ја Јапонија во периодот кога цветаат црешовите цветови за да ја откриете убавината на Ханами, долгогодишна традиција која вклучува пикник под расцветаната Сакура (црешов цвет).

Воодушевувачки дестинации за љубителите на цвеќињаВоодушевувачки дестинации за љубителите на цвеќиња

Данска

Данска изобилува со претежно земјоделски пејзажи, со бујни шуми, пространи пасишта и шарени ливади кои се наоѓаат покрај крајбрежјата, песочните плажи и мочуриштата. Пејзажите на разнобојни цвеќиња се дополнети со многубројни замоци, викиншки објекти и велосипедски патеки. Пролетта носи експанзија од бои и нијанси, покривајќи ги ливадите со црвени детелинки (националниот симбол на земјата), булки и маргаритки. Неколку видови на дива орхидеја ја разубавуваат областа Гентофте, северно од Копенхаген.

Воодушевувачки дестинации за љубителите на цвеќињаВоодушевувачки дестинации за љубителите на цвеќиња

Намакваленд, Северен Кејп, Јужна Африка

За време на раната пролет во Намакваленд, а потоа посебно и во периодот помеѓу јули и септември, целосно сувиот регион на Северен Кејп, провинција во Јужна Африка, наеднаш се претвора во пустина на расцветани диви цвеќиња, полна со илјадници бели и портокалови маргаритки кои никнуваат од претходно пустата и сува земја. Ако оваа област го привлече вашето внимание, задолжително посетете го Резерватот на диви цвеќиња за да го видите несомнено највпечатливиот цветен феномен во светот.

Воодушевувачки дестинации за љубителите на цвеќиња

Британска Колумбија, Канада

Викторија, главниот град на Британска Колумбија, Канада, уште е познат како „Град на градините“. Овој прекар совршено му одговара на градот затоа што умерената клима и многубројните сончеви денови прават градинарството тука да претставува животна страст. Британска Колумбија изобилува со спектакуларни цветни алеи кои ги привлекуваат ботаничарите од цел свет.

Воодушевувачки дестинации за љубителите на цвеќиња

Со својата репутација во однос на цвеќињата, главниот град Викторија поставува многу висок критериум кога се цветните градини во прашање. Тигрестите лилјани, дивите рози и глуварчињата со огромната палета на бои ги разубавуваат прошетките низ селата и со своите мириси ги поттикнуваат сите сетила.

Воодушевувачки дестинации за љубителите на цвеќиња

Јужниот Остров, Нов Зеланд

Јужниот Остров, еден од двата главни острова на Нов Зеланд, повеќе е познат по драматичните отворени простори и карпестите врвови, отколку по неверојатната флора и плодните долини. Но, вистината е дека Нов Зеланд сам по себе претставува природна градина, додека на Јужниот Остров може да се најдат најфините цветови. Пониските делови на островот се покриени со шарени ливади, а езерото Текапо е опколено со виолетови цветови кои може да се сретнат и во самото езеро.

Воодушевувачки дестинации за љубителите на цвеќиња

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар