Волшебна венчавка инспирирана од ТВ серијата „Игра на тронови“
Доколку сте фанови на оваа ТВ серија, тогаш сигурно знаете дека во „Игра на тронови“ (Game of Thrones) нема многу успешни венчавки. Сепак, тоа не значи дека невестите и младоженците не можат го искористат овој неверојатен свет богат со фантастични елементи како инспирација за прославата на денот кога ќе си го кажат судбоносното „Да“.
Фотографката Кејти Ли од Katherine Elena Photography се погрижила за прекрасните фотографии од оваа венчавка која се одржала во замокот Смитмор во Северна Каролина.
Невестата Остин Тејлор Мони одлично ја одиграла улогата на Денерис Таргариен, а и Кортни Еделман успешно успеала да го долови ликот на Санса Старк. Исто како и хероините од серијата, така и овие дами изгледаат прекрасно и „опасно“.
Меѓутоа, организаторите на свадбата отишле малку подалеку и донеле вистински волк за да го направат целото искуство уште понезаборавно.
Волкот се викал Ривер и бил донесен од засолништето Full Moon Farm Wolfdog, непрофитна организација која се грижи за волци. Мора да признаеме дека и Ривер одлично ја игра улогата на страшниот волк.
Продолжете на следната страница за да ги видите сите детали од оваа неверојатна венчавка…