Водич за бакнување од 1940 година што и денес е интересно релевантен
Бакнувањето може да обезбеди втор состанок кој ќе резултира со уште бакнување, да води до секс, па дури и да поттикне нова, сериозна врска. Но исто така може да има и штетни последици на вашиот живот. Еден погрешен бакнеж и сè е завршено. Како што изгледа, има правилен и погрешен начин на бакнување. Во 1942 година, едно списание објавило фото-водич за тоа како да се бакнувате.

Можете да погодите кој е правилниот, а кој погрешниот начин на бакнување?
Иако ова издание е децении зад нас, сепак може да ви ја покаже класиката од која и денес може многу да се научи. Сè е во начинот на држење на телото и може да биде многу корисно во модерниот романтичен живот. Прочитајте во продолжение за што станува збор…
Последното нешто што сакате да го направите е да се бакнувате како да ќе бегате

Актери се бакнуваат на сцена, изгледаат премногу детско бидејќи многу се оддалечени
Ова е пристојно доколку и двајцата имате 5 години. Никогаш не треба да стоите премногу оддалечено освен ако не сакате да изгледате како малолетник или како да криете возбудување долу.
Стоењето близу е добро, но не сакате ни да претерате

Момчето и девојката треба да стојат близу едни до други, но да не се држат премногу цврсто
Можете да застанете близу и да бидете романтични без да се држите како да се вашите последни моменти на планетата Земја.
Истегнувањето на столче е најлошото нешто што можете да го направите

Лежењето на столица се смета за неграциозно, тоа е лоша техника
Постојат ситуации кога страстите навистина се разгоруваат, но девојката може да се доведе во непријатна положба ако нејзиното здолниште или фустанот ѝ се повлече нагоре. Исто така изгледа како таа да се удавила и како момчето да пробува да ја оживее.
Правилниот начин на бакнување крај столче зависи од држењето на телото

Девојката треба да биде потпрена на едната страна од столицата, а момчето треба да ја држи цврсто, но нежно
Зарем треба да се каже нешто повеќе?
Сте имале лошо искуство со бакнувањето? 10 грешки кои водат до лош бакнеж!