Во овој град има толкав метеж што автопатот минува низ облакодер

Во овој град има толкав метеж што автопатот минува низ облакодер

Автопатот „Ханшин“ е име на патна мрежа долга 239 километри која ги опфаќа Осака, Коби и Кјото во Јапонија, управувана од Ханшин Експресвеј ДОО. Многу јапонски градови се борат со сообраќаен метеж, особено Осака.

Во овој град има толкав метеж што автопатот минува низ облакодер

Состојбата на патиштата е толку сериозна што еден дел од споменатиот автопат поминува низ 16-катна деловна зграда.

Облакодерот „Gate Tower“ во областа Фукушима-ку во Осака е вистинско мало архитектонско чудо. Покрај тоа, на местото каде што треба да бидат петтиот, шестиот и седмиот кат на зградата, бил направен излез од дел од автопатот наречен „Умеда“.

Излезот бил изграден на потпори, така што патот не ја допира зградата. Но, бидејќи облакодерот целосно го опфаќа излезот, изгледа како да е нејзин составен дел и затоа е вистинска атракција во третиот по големина град според бројот на жители во Земјата на изгрејсонцето.

Градежниците посветиле особено внимание на изолацијата на просторот од бучава и вибрации за автомобилите на излезот од Умеда да не ги вознемируваат вработените во деловните простории под и над патот. Возењето со лифт е исто така многу интересно – можете да се искачите на првите четири ката, а потоа од осмиот до шеснаесеттиот кат.

Ова необично решение е креативен резултат на долгогодишниот спор меѓу сопственикот на автопатот и земјиштето на кое се наоѓа „Gate Tower“. Поради некоординирани одобренија за градење, минувањето на патот низ облакодерот било единственото можно решение, па од 1992 година, сопственикот на автопатот Ханшин плаќа месечна закупнина за трите ката на зградата.

Во овој град има толкав метеж што автопатот минува низ облакодер

Во овој град има толкав метеж што автопатот минува низ облакодер

Во овој град има толкав метеж што автопатот минува низ облакодер

Погледнете ја и оваа фантастична зграда инспирирана од природата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар