Во која земја е најдобро да се родите во 2013 година?

Во која земја е најдобро да се родите во 2013 година?

Животот понекогаш наликува на лотарија, а една од првите добивки може да биде местото во кое ќе се родите, сугерира најновото истражување спроведено од страна на лондонското списание „The Economist“.Во која земја е најдобро да се родите во 2013 година?Според истражувањето кое опфатило 80 земји од светот, најдобро место за да се родите во 2013 е Швајцарија, а најлошо е Нигерија.

Тимот од „The Economist“ при спроведувањето на оваа студија ги поврзал субјективните фактори на луѓето како што е чувствувањето задоволство од сопствениот живот, со објективните фактори за квалитетен живот, во кои спаѓаат не само степенот на богатство, туку и степенот на криминал, доверба во јавните институции и можноста за водење здрав семеен живот. Географската положба, климата, демографијата, политиката и состојбата во стопанството, се исто така важни фактори кои се земени предвид. Вклучена е и перспективата за иднината, за којашто се користени економските предвидувања до 2030 година, кога децата родени во 2013, ќе станат полнолетни.

Според магазинот, после Швајцарија, најдобро е да се родите во Австралија, потоа во скандинавските земји како Норвешка, Шведска и Данска, а потоа следуваат Сингапур, Нов Зеланд, Холандија и Канада. На 10-то место се наоѓа Хонг Конг.Во која земја е најдобро да се родите во 2013 година?Најразвиени западни земји се САД и Германија кои се наоѓаат на 16-то место, Италија, Франција и Велика Британија кои ги заземаат местата помеѓу 21-во и 27-мо место, а Шпанија и Грција се тек на 28-мо и 34-то место, и покрај тоа што располагаат со убава клима.

На средината од листата се наоѓаат Куба и Аргентина, кои го заземаат 40-тото место.

Од бившите југословенски држави, најдобро е да се родите во Словенија (32-ро место), а потоа следува Хрватска, која се наоѓа на 46-то место. Потоа следува Србија на 54-то место, додека БиХ, Македонија и Црна Гора ги нема на листата.

Од членките на ЕУ, најлошо е да се родите во Бугарија, која се наоѓа на 61-во место, Романиjа на 56-то место и Литванија на 57-мо место, оценува тимот на „The Economist“.

Интересен е податокот, дека ниедна од земјите членки на БРИК (Бразил, Русија, Индија, Кина) не котираат високо на листата, и покрај високиот економски раст. Кина е на 49-то место, а Русија тек на 72-ро место, на само едно место пред Сирија.

Најлошо место во кое бебе може да се роди во 2013-та година, е Нигерија, а на оваа земја ѝ претходат Кенија, Украина и Бангладеш.

Погледнете ја целата листа со 80 земји.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Manu Reply

    Najdobro e da se rodite vo Svedska.Tamu e najbolje

Остави коментар