Визуелен доказ дека танцот на шипка е спорт

Визуелен доказ дека танцот на шипка е спорт

Со децении наназад танцот на шипка можел да се види најчесто во стриптиз-клубовите, каде што танчерите ја истакнувале неговата сексуална смисла, без да изведуваат никакви особени акробатски движења, туку само едноставно ја држат шипката и се лизгаат по неа, со цел да го покренат сексуалното расположение кај спротивниот пол.Визуелен доказ дека танцот на шипка е спорт Визуелен доказ дека танцот на шипка е спорт Визуелен доказ дека танцот на шипка е спортНо, од почетокот на 21 век, танцувањето на шипка станува многу популарно, полека претворајќи се во прекрасна спортска дисциплина, која може да биде исто толку нежна како и гимнастиката и балетот. Последниве 10 години низ светот се организираат натпревари во оваа дисциплина која е своевидна акробација, бара силни мускули, одлична кондиција и длабока концентрација.Визуелен доказ дека танцот на шипка е спорт Визуелен доказ дека танцот на шипка е спорт Визуелен доказ дека танцот на шипка е спортМеѓународната федерација на спортови на шипка (ИПСФ) започна кампања за прогласување на танцот на шипка за олимписка дисциплина, со цел тој да се најде на следната Олимпијада во Рио де Жанеиро во 2016 година. Во минатата деценија беа организирани многу повеќе натпреварувања од овој вид спорт и за жени и за мажи.Визуелен доказ дека танцот на шипка е спорт Визуелен доказ дека танцот на шипка е спорт Визуелен доказ дека танцот на шипка е спортНаталија Татаринтсева од Украина беше победник во женска конкуренција на Светското првенство одржано во Лондон минатата година, која покажа невидена елеганција, женственост и флексибилност во своите движења.

Од машките натпреварувачи Јевгениј Грешилов од Русија во 2011-та го освои златниот медал, со својот забавен, хумористичен, но и мажествен и моќен перформанс.

Сепак, ќе биде потребно време да се исфрлат стереотипите кај луѓето дека танцувањето на шипка не е ништо повеќе од перверзна танцувачка провокација за заработка на пари на стриптиз-клубовите. Дали танцот на шипка ќе стане олимписка дисциплина или не, останува времето да покаже.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Тамара Reply

    ”Pole” фитнес и стриптиз се две различни нешта, незнам зошто луѓето и понатаму ги мешаат овие два поими. Инаку, танцувањето и акробациите на шипка се многу стари кинески дисциплини, не се измислени од стриптизетите. 🙂

    • Кристина Шумадиева Reply

      Да… Прочитав и јас дека некаква форма на танцување на шипка можела да се забележи уште пред 800 години во Индија, каде што вусшност мажите танцувале на кинеска шипка. Потоа во 1920 имало вакви танци и во циркусите во тотално несексуален облик. Интересно е да се истражи и за историјата на овој спорт за некоја друга содржина можеби. 🙂 Овој текст беше чисто да се направи компаратива помеѓу стриптизот и фитнес танцот на шипка, т.е. да се воочат очигледните разлики, кои го издвојуваат второто како сериозен спорт. 🙂 Поздрав

Остави коментар