Вивидни фотографии од Втората светска војна
Како поминува времето и луѓето кои раскажуваат за искуствата од војната полека го напуштаат овој свет, во нашите сеќавања остануваат само црно-белите слики кои ги гледаме во учебниците и на филмовите. Сепак, луѓето се бореле во боја, и тоа во многу живи бои.
Овие фотографии ни ги пренесува веб-сајтот Shorpy, а оригинално се направени од Американското воено министерство со Kodachrome филм. Заситените бои и јасните рабови ја враќаат оваа ера во живот како што ниеден друг медиум не може.
Сликите ги документираат камионите, авионите, возовите и разните други машини кои се подготвувале на домашниот фронт во исчекување на распалувањето на светот.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.