Верно куче го чекаше својот сопственик шест дена пред болница во Турција
Познатата поговорка дека кучето е најдобар пријател на човекот е оправдана во секоја смисла од верноста на кучето Бонџук од Турција, кое шест дена го чекаше својот сопственик пред болницата.
Кога Џемал Сентурк бил пренесен со брза помош во болницата во Трабзон, Бонџук побегнал од станот и го следел. Секој ден трпеливо чекал неговиот сопственик да излезе од болницата.
„Персоналот на болницата го извести семејството на Сентурк дека Бонџук чека пред болницата, по што го вратија дома. Сепак, кучето успеа да избега повторно и да се врати во болницата каде што го чекаше сопственикот шест дена“, изјави директорот на болницата Мурат Ерџан. Вработените во болницата секојдневно го хранеле и се грижеле за кучето. За да се обиде да го утеши кучето, Сентурк комуницираше со Бонџук низ прозорецот секој ден за време на неговиот престој во болницата. Двајцата се заедно веќе девет години.
Кога конечно бил пуштен, Сентурк го сретнал Бонџук пред вратата на болницата, а на емотивната средба сведочеле многубројни медицински лица и минувачи.
A faithful dog waited for her owner outside a hospital in Turkey for almost a week until he was discharged after undergoing treatment for a brain condition | https://t.co/4Lof8tLTuI pic.twitter.com/DDKq4g0Szz
— RTÉ News (@rtenews) January 22, 2021
Прочитајте за ова 4-годишно момче кое го „позајмилo“ телефонот на својата мајка и направилo нарачка од Мекдоналдс вредна 100 долари.