Вампирска клиника: Подмладување со крв на 16-годишници

Вампирска клиника: Подмладување со крв на 16-годишници

Контроверзниот американски доктор и сопственик на компанијата Амброзија, Џеси Кармазин, го привлече вниманието на светот со започнување на необичен тренд меѓу своите богати клиенти. Имено, тој почнал да купува плазма од крв на млади луѓе, меѓу 16 и 25 години, за своите клиенти што веруваат дека младата крв им го забавува стареењето и им го подобрува изгледот.

Овој доктор го претставил овој тренд како истражување, за кое бара доброволци постари од 35 години кои би платиле 8.000 долари (околу 425.000 денари) за да им стави млада крв и да следи што ќе се случува. Од основувањето на својата компанија во 2016 година, тој имал околу 200 учесници во истражувањето.

И изгледа дека клиентите биле задоволни, затоа што и самите почнале да тврдат младата крв прави да изгледаат подобро.

Поради тоа, контроверзниот доктор решил да отвори клиника за подмладување во Њујорк. Оние што се помлади од 25 години можат редовно да му ја продаваат својата плазма, додека пак тој, со трансфузија, ќе ја префрла на постарите што можат да си го дозволат тоа за да ја вратат својата виталност.

Неговата идеја се базира на истражувања спроведени на глувци. Научниците на постарите единки им ставале крв од помладите и забележале дека брзо потоа тие покажувале знаци на подобро здравје и евентуално забавување на стареењето, но не биле 100% сигурни дали тоа било поради свежата крв.

„Сега имаме податоци што сугерираат дека постојат вистински промени во физиологијата по третманите, а целта е да се направи овој третман достапен за сите“, изјавил д-р Кармазин, кој потоа додал дека и самиот ги пробал овие методи за подмладување.

Се очекува клиниката во Њујорк да бидете отворена до крајот на оваа година или најдоцна, до почетокот на следната. Засега има околу 150 заинтересирани клиенти од кои веќе дел учествувале во истражувањата и веќе минале низ процесот.

Погледнете го и следново видео во коешто тој го објаснува овој метод на подмладување.

А сега, да се вратиме малку во реалноста. Сте ја пробале оваа домашна маска за подмладување на кожата чии резултати се видливи веднаш?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар